На денот на неговото самоубиство, Хитлер напишал таен тестамент, во кој сѐ што има ѝ го остава на партијата и тврди дека е сиромашен. Тој вложувал по стотици милиони фунти на сметки во неколку швајцарски банки, пари за кои германските граѓани никогаш не дознале.Историчарите проценуваат дека Хитлер имал богатство од 1,1 милијарди марки, односно околу 4,5 милијарди евра.
Во тој тестамент, на пет страници, Хитлер ги клеветел Евреите, а на три страници за себе велел дека е сиромашен.
– Сѐ што поседувам ѝ го оставам на партијата, напишал Хитлер, кој побарал неговите роднини да бидат осигурани од страна на државата, за да можат да останат во средната класа.
Но, поранешниот шпион Херман Ротман, тврди дека Хитлер ги сакаше парите и дека најмногу заработувал кога се испраќало писмо со поштенска марка на која се наоѓал неговиот лик.
Неговата книга „Мојата борба“, која била напишана во затвор, му носела заработувачка од еден милион тогашни марки годишно, за подоцна со декрет да одлучи дека по една копија од книгата треба да добие секоја брачна двојка во Германија, а плаќањето на делото било на трошок на државата.
– Бевме шокирани. На Германскиот народ сакаше да му прикаже дека не поседува ништо и дека е целосно посветен на државата и благосостојбата на граѓаните, што се испостави дека не е вистина. Хитлер многу ги сакаше парите, изјавил Ротман.
Историчарите проценуваат дека Хитлер имал богатство од 1,1 милијарди марки, односно околу 4,5 милијарди евра.
Во тој тестамент, на пет