Москва има многу со што да се гордее – и со својата богата историја и својата убавина. Tука е и москвското метро кое е едно од најубавите во светот, а тоа може да го потврди секој кој бил таму. Повеќето од станиците се вистински уметнички дела. Но, постои нешто многу поинтересно, нешто што е скриено од очите на јавноста – тајна на подземниот град.
Гласините велат дека во московското метро има тајни станици, владини бункери, духови и проклети места, а тие приказни се шират со години меѓу населението во Москва.
Но што од нив е вистина, а што е измислено? Даниел Велечки, “копач” кој го проучува подземјето на Москва, верува дека повеќето од она што се зборува за метрото е чиста измислица:
Метрото е заштитен објект и да влезе во неговите тунели и дa истражува, ретко кој успеал. Ако тие ве фатат – тешко вас. “Копачите” (луѓе кои движат и бараат вредни или заборавени работи во метрото и неговите тунели) раскажуваат меѓу себе какви се ужаси виделе за време на нивните “излети” и верувајте, тоа не е убаво место.
– Најмногу се зборува за стаорци-мутанти и разни животни, но ова се само приказни на луѓе кои знаат дека неможат да се проверат. А за тоа дека постојат станици кои ги нема на мапата на метрото – тоа е вистина, вели Велечки.
Се верува дека владиниот таен бункер се наоѓа на посебна, затворена за патниците, станица наречена “Sovjetskaja”. По личен налог на Сталин, се смета дека “Sovjetskaja” по потреба се користи како подземен московски Генералштаб.
Така, во срцето на Москва се појавил невообичаено долг премин помеѓу две станици на метрото, што предизвикало многу шпекулации меѓу населението. За да се стави крај на нив, било одлучено таму да се изгради нова станица “Горки” која била отворена во 1979 година.
Некои од станиците на метрото имаат лоша репутација. Една од нив е “Сокол”. Таа била изградена длабоко под земја, практично на местото на масовните гробици на загинатите војници во Првата светска војна. Машиновозачите секогаш се обидуваат ова место да го поминат со што поголема брзина.
Даниел Велечки раскажува за легендата на возот-дух, за која и ден денес се зборува и е широко распространета меѓу луѓето во Москва:
– Неколку пати во месецот, на полноќ, се појавува воз-дух на кружната линија. Тој практично никогаш не ја отвора вратата. Во него се заробени душите на затворениците – градители на Метрото кои починале за време на неговата изградба. Возот е стар модел, со надуени седишта и стари светилки. Ако го видите овој воз, тоа е лош знак.”
Meтрото во Москва е убавo и мистериозно. Сепак, кога ќе се најдете во него, застанете еден момент и полека погледнете околу себе, а потоа влезе во вагон. Погледнете низ прозорецот: може ќе се подигне превезот на мистеријата и ќе открие една од тајните на московското метро.
(Гласот на Русија)Повеќето од станиците се вистински уметнички дела. Но, постои нешто многу поинтересно, нешто што е скриено од очите на јавноста – тајна на подземни