Така добро го удрив: Еве како сопственик на менувачница претепал ограбувач

Маж со фантомка на глава вчера околу 18:00 часот се обидел да ограби менувачница во Књажевац.Преку камерите за надзор, сопственикот на менувачницата Русомир Светозаревиќ го видел ограбувачот и го спречил да ги однесе парите од локалот.Во моментот на грабежот во менувачницата се наоѓале две работнички. Во локалот влетал маскиран маж наоружан со дрвен предмет, заканувајќи им се на вработените почнал да ја полни кесата со пари. Само што не знаел дека ситуацијата ја следи сопственикот на менувачницата и тоа преку видо надзор.„Сосема случајно бев во канцеларијата и во тој момент фрлив поглед на мониторот. Видов како човек со фантомка упаѓа во менувачницата и ги собира парите. Морав што побрзо да се симнам доле и да се обидам да го спречам. Така и сторив, а тој ме виде дека влегувам. Мислеше дека сум клиент, ми рече да не се мешам. Видов дека има некоја палка. Се плашев дека можеби има нож. Го кренав столот и го удрив. Не знам од каде толкава сила. Го фатив за глава и го соборив. Потоа дојде полицијата и го уапси“, вели Русомир.Во моментот во менувачницата биле две вработени, кои за Русомир биле главната мотивација да одреагира на тој начин.„Само сакав да го спречам да не ги повреди овие две девојки. Парите не се важни“, додава Русомир.Преку камерите за надзор, сопственикот на менувачницата Русомир Светозаревиќ го видел ограбувачот и го спречил да ги однесе парите од локалот.

Пронајдете не на следниве мрежи: