Така лесно а така фантастично: Четири состојки, 10 минути и вкусната вечера е на масата

Колку пати ви се случило да останете подолго на работа, а кога ќе се вратите дома уморни по напорниот ден сфаќате дека не сте подготвиле ништо за вечера.Не очајувајте, доколку во кујната ги имате овие 4 состојки, а можете да издржите уште 10 минути  додека не биде готова вечерата.
Состојки:
– 2шолји макарони
– 2 лажици брашно
– 1 ½ шолји млеко
– 1 ½ шолји кашкавал
Ставете ја водата да зоврие, а потоа додадете ги макароните. Гответе ги макароните толку колку што е означено на паковката од макароните. Откако ќе се свари тестенината, процедете ја, а потоа вратете ја во празното тенџере и оставете ја да се олади.
За тоа време помешајте го брашното со ½ шолја млеко и добро измешајте за да се растворат грутките. Во подлабоко тавче ставете го останатото млеко да се загрее, а потоа додадете ја мешавината со брашното. Мешајте цело време за да не загори. Додадете го ренданиот кашкавал и се заедно измешајте.

 На крај додадете ја варената тестенина. Доколку сакате можете  да  додадете зачини по свој вкус. Пријатно.
Не очајувајте, доколку во кујната ги имате овие 4 состојки, а можете да издржите уште 10 минути  додека не биде готова вечерата.
Состо

Пронајдете не на следниве мрежи: