Офицерскиот дом ќе прерасне во Куќа на културата во која ќе се одржуваат различни културни настани, театарски претстави,концерти…Градоначалникот Талески денеска потврди дека почната е постапка за измена на одлуката за продажба на Офицерскиот дом во Битола и овој објект во иднина ќе биде сопственост на општина Битола.
„Во изминатиов период Офицерскиот дом имаше лавиринт од надлежности, но сега на најдобар начин ќе може да се заштити и санира овој објект кој е од големо културно историско значење. Деновиве имаше различни реакции од граѓаните, но ВМРО ДПМНЕ покажа дека има слух да го чуе гласот на народот, постапката за продажба на Офицерски е прекината и сите ние функционерите од ВМРО ДПМНЕ почнуваме постапка за пренесување на Офицерскиот дом во сопственост на општина Битола“, рече градоначалникот на општина Битола на денешната прес конференција, додавајќи дека со најновиот предлог се обезбедува најдоброто решение за битолскиот Офицерски дом.
„Ја прифаќам одлуката и се заблагодарувам на претседателот на ВМРО ДПМНЕ кој имаше волја сите нас да не контактира и да најдеме заедничко решение, подобро од претходното. Оваа одлука е на задоволство на сите битолчани и убеден сум дека во 2016 година ќе заврши постапката. Имаме и проекти за да гордоста на Битола, Офицерскиот дом биде во функција, односно Куќа на културата во која ќе има концерти, театарски претстави, промоции, изложби, но и венчална сала за што се планирани околу 2 милиони евра, рече градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.Градоначалникот Талески денеска потврди дека почната е постапка за измена на одлуката за продажба на Офицерскиот дом во Битола и овој објект в