Во рамки на културното лето “Три круши 2017“ кое ќе се одвива до крајот на овој месец, синоќа концерт за паметење одржа познатиот македонски Тамбурашки оркестар Гезме. Овој оркестар кој има за цел да зачува од заборав тамбурашката музика, прозвуче од сцената на верско рекреативниот центар Три круши.Повеќе од еден час бројната публика имаше можност да ужива во традиционалните звуци на тамбурата, во прекрасната изведба на песни од забавната музика, но и во препевот на најубавите македонски староградски песни, кои оставија белег кај публиката.Културното лето “Три круши 2017“ кое е во организација на Општина Кисела Вода продолжува и вечерва. На истата локација со почеток од 20:30 часот посетителите ќе имаат можност да уживаат во настапот на “Силви бенд“.Повеќе од еден час бројната публика имаше можност да ужива во традиционалните звуци на тамбурата, во прекрасната изведба на песни од забавната музи
Пронајдете не на следниве мрежи: