Градоначалникот Тони Трајковски, градоначалникот Коце Трајановски и директорот на ЈП „Улици и патишта “ Синиша Ивановски беа во работна посета во н.м Сингелиќ каде направија увид на работите кои се во тек, за санација и тампонирање на улиците кои беа оштетени во невремето.Градоначалникот Трајковски изјави дека околу 30 км од патната инфраструктура е оштетена во поплавата и дека штетата е проценета на околу 5 милиони евра.Тој се заблагодари на општините и на Градот Скопје кои донираа средства и рече дека истите ќе бидат употребени за санација на штетите од невремето и за санирање на патната инфраструктура.Во наредните денови според приоритетите ќе се работи на средување на улиците и нивно тампонирање.Во н.м Сингелиќ се исчистени сите улици, во голем дел е исчистено и ѓубрето, целосно е исчистена и привремената депонија која беше лоцирана во дворот на основното училиште, а се продолжува и со чистење на каналите. Главниот канал кој поминува низ Синѓелиќ комплетно ќе биде исчистен за неколку дена.Градоначалникот Трајковски изјави дека околу 30 км од патната инфраструктура е оштетена во поплавата и дека штетата е проценета на околу 5 милиони
Пронајдете не на следниве мрежи: