Тарот карти – добри и лоши карти!

Тарот карти (тарочи, тарок и други слични имиња) е посебен шпил од седумдесет и осум карти, групирани на следниов начин: голема аркана, која содржи 22 карти (21 нумерирана карта + картата со број „0“), и мала аркана, во која спаѓаат останатите 56 карти, поделени по „боја“ (парички, стапови, пехари и мечеви).Тарот картите во некои делови на Европа се користат за играње, како на пример италијанскиот тарочини, или францускиот тарот. Но во најголем дел од земјите каде што се познати овие карти, тие се користат за предвидување.

Историјата и потеклото на Тарот картите се сеуште мистерија. Нелои автори сметаат дека имаат потекло од Древен Египет, други ги поврзуваат со циганите, а трети со традициите на народите од блискиот исток, ги поврзуваат картите и со Плаестина и сметаат дека се донесени во Европа од крстоносците. Некои автори одат уште подалеку и посочуваат дека тие потекнуваат од Кина и Индија. Има автори кои сметаат  дека древните мудреци ги создале по палењето на Александриската библиотека со цел зачувување на уништените знаења. Името на таа древна книга со слики се поврзува со Хермес Трисмегист, познат и  уште како Том-Меркуриј и се наерекува Книга на Том или Табела на доктрината на Меркуриј. Низ вековите различните гатачи ги користели или само големите или само малите  аркани. Тоа често се случува и денес.

Најраните Тарот карти во Западна Европа се од 1314-1318 година. Тоа е т.н. Флорентинска колода. Потоа следува Болоњскиот или Венецијански Тарот. Подоцна, во 1393 година во Париз, уметникот Жак Гринор, му нацртал за забава на слободоумниот крал Шарл VI три колоди карти. И до денес 17 од тие карти се чуваат во Националната библиотека во Париз.
Играта на карти и гатањето со нив имало таков замав, што во 1423 година св. Бернардин од Сиена ги збаранил збавите со карти и сите видови коцкање, а во 1463 година Едвард IV го забранил внесувањето на катрите во Англија. Но забраните и прогонот не помогнале туку разбудиле уште поголем интерес. И така повторно во Париз во 18 век археологот-масон Курт Де Гебелин прв ги опишал детаљно картите. Неговиот поданик и следбеник Жан- Батист Алиете, познат уште како Етејла станал професионален гатач на Тарот карти. Тој напишал повеќе книги за гатање, но подоцна неговите дела биле негирани од астролозите.


Тарот картите  биле повторно на врвот кога францускиот астролог и исцелувач Елифас Леви го објавил својот најзначаен труд „Учење и труд на високата магија“ во 1854 година. На темата Тарот пишувале и креаторите на Златната Зора Мекгрегер Мадрс и Артур Вејт, основачот на Орденот на Внатрешната Светлина- Дион Форчн. Сега има многу купчиња, но купчето карти создадена од окулистот Атрур Едвард Вејт и сликарката Памера Коулман Смит, кој исто така е член на Орденот на Златната Зора, се најпопуларни.Купчето карти има два дела- Големи и Мали аркани.
Големите Аркани претставуваат динамични, субјективни проводници на Енергијата на Кармата. Тоа се преодни сили. Тие ги симболизираат силите на сознанието. Тие ни покажуваат каде да се движиме, за да не погрешиме, или од каде сме поминале за да си создадеме одредени непријатности.

Малите аркани симболизираат статични или симболизираат определени ситуации или постапки кои произлегуваат од нив. Тие ни помагаат да се разбереме самите себе си и да се ориентираме во минатото, сегашноста и иднината.

Жезлите покажуваат голема енергија и динамична сила, ги покажуваат возможностите и проблемите кои произлегле од користењето на таа сила. Картите во оваа боја се поврзани со Голема Машка Сила, како прво будење на искрата на енергијата, која го дава почетокот на животот и се прави да се движи.

Пронајдете не на следниве мрежи: