Татко ми го затворија, па морав сама да ја преземам мафијата

Кога Мариса Мерико излегува од куќата во Блекпул во северна Англија, каде денес живее, и оди да пазари за своето дете пециво и млеко, никој не ни помислува дека оваа згодна бринета, домаќинка во средни години, полна деценија ја водела мафијата Ndrangheta, најсилното италијанско мафијашко семејство, кое годишно од продажба на дрога заработуваше околу 60 милијарди долари.
“Имав 22 години кога мојот татко, дотогашен Капо (главен) на мафијата, беше уапсен и затворен. Немав друг избор. Стриковците ќе ја превземеа работата, а моето семејство ќе беше фрлено во сенка“, вели Мерико.
Мариса е единствена ќерка на британка од Блекпул и италијаснкиот мафијаш. Иако татко и ја оставил Мариса да живее со мајка и за да ја заштити од “лошо“ друштво, Мариса со само 17 години побегнала и отишла да живее во куќата на татко и.
“Тоа беше живот, се дружев со татко ми и неговите пријалтели. Сите беа згодни, богати, опкружени со мноштво интересни пријатели и убави девојки“, вели Мариса.  Неа не и требало долго време да го помине криминалното “покрстување“. Со еден пријател доброволно презела неколку килограми хероин во резервоарот за бензин на автомобилот, а доставата на пакетот ја направиле во Шпанија.
“Бев млада, изгледавме како пар кој оди на летување. Во скутот држев и еден мал териер. Кога стигнавме на граница, полициските кучиња се возбудија, ја намирисаа дрогата, но полицијата мислеше дека полициското куче е возбудено поради мојот териер“, се исповеда Мариса. Дрога испорачувала се до 1992 година кога полицијата го затвора нејзиниот татко.
“Сите во семејството како хиени чекаа да ја превземат работата, но тогаш одлучив да не го оставам татко ми “на цедило“. Го презедов целото семејство, а моите чичковци на тоа многу се спротиставуваа“, раскажува Мариса. Таа додава дека Ndrangheta е најголемото мафијашко семејство во Италија, двојно посилно од познатата Коза Ностра. Работиме во Шпанија, Австрија, Германија, Јужна Америка…Во Максико ни е главниот партнер, нарко картелот Зета.
Покрај веќе постоечките канали за продажба на дрога, Мариса вовела нов сегмент во нивната работа, а тоа е продажба на оружје.
“Тогаш изби војната во Босна и Херцегоцина, а имав склопено познанства со балкански дилери на оружје. Експлозиви, калашњикови, ракети…се имавме на продажба, БиХ за нас беше едно големо складиште“, вели Мариса.
Извор/Фото: vecernji.hrКога Мариса Мерико излегува од куќата во Блекпул во севе

Пронајдете не на следниве мрежи: