четврток, 12 ноември 2026
Најново

Таткото на масовниот убиец во Орландо беше забележан на митингот на Хилари Клинтон во Флорида

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Таткото на пукачот од Орландо, Омар Матин, бил забележан како седи зад Хилари Клинтон на нејзиниот митинг во Флорида.Седик Матин, чиј син изврши едно од најкрвавите масовни пукања во историјата на САД во јуни во ноќниот клуб „Пулс“ во Орландо, гледаше како Хилари Клинтон го држи својот говор во понеделникот.
„Бил и јас бевме во Орландо пред околу две недели и имавме шанса да седнеме на маса со градоначалникот Даер, другите функционери, членовите на свештенството, со храбрите полицајци коишто интервенираа по масакрот во ноќниот клуб за да спасат животи“ – изјавила Клинтон при претседателската  кампања.
„Само да ви кажам дека сум благодарна на лидерите и граѓаните на Орландо и Централна Флорида за вашата љубов и сочувство. И знам колку луѓе, најблиски и пријатели, сѐ уште тагуваат. И јас сакам да знаат дека ние ќе бидеме со вас. Ние ќе бидеме со вас за да ги обновиме вашите животи и да ја обновиме надежта за иднината, затоа што ние никогаш нема да може да дозволиме било каков вид на омраза и насилство да ги скрши духот и душата на било кое место во Америка.“
Откако новинарите ѝ посочиле дека таткото на Омар бил во публиката да го слуша нејзиниот говор, Хилари изјавила:
„Митингот беше наменет за 3.000 лица, со отворени врати за јавноста. Ова лице не беше покането како гостин во кампањата и никој од нас не беше свесен за неговото присуство сѐ до завршувањето на митингот.“Седик Матин, чиј син изврши едно од најкрвавите масовни пукања во историјата на САД во јуни во ноќниот клуб „Пулс“ во Орландо, гледаше

Поврзани вести