„ТАВ“ со 717 милиони евра ја доби концесијата за аеродромот „Милас“ во БодрумТурската компанија „ТАВ“, под чија закрила се и македонските аеродроми „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид, ја поднесе највисоката понуда од 717 милиони евра на тендерот за концесија на аеродромот „Милас“ во Бодрум, коj изминативе 20 години е меѓу најзначајните туристички дестинации во земјата – „ТАВ“ ќе раководи со овој аеродром до крајот на 2035 година
Со поднесенa највисокa понуда од 717 милиони евра „ТАВ“, турската компанија под чија закрила се и македонските аеродроми „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид, ја доби концесијата за раководење со аеродромот „Милас“ во Бодрум. Овој глобален бренд на аеродромски оператори беше во конкуренција со три други реномирани претпријатија во оваа област, вклучително и Фрапорт. Конечната понуда беше поднесена во 105-тата рунда. „ТАВ аеродроми“ ќе ги преземе оперативните права на меѓународниот терминал од 22 октомври 2015 година во согласност со тендерските спецификации. Оперативните права на домашниот терминал ќе бидат пренесени на „ТАВ“ со дополнителна одлука од надлежната комисија.
Сани Шенер, претседател и извршен директор на „ТАВ“, изјави:
– „Милас“ поврзува значаен туристички центар со остатокот од светот и има проток на патници повисок од 3.5 милиони годишно. Овој аеродром е 14-тиот во нашето портфолио. Бодрум е кандидат да стане четвртиот најголем град во Турција до 2025 година. Ние веруваме во иднината на Бодрум. Немавме намера да се откажеме. Однапред треба да се плати 20 отсто од сумата, меѓутоа, ние веќе ги имаме финансиите на располагање. Овој проект ќе го преземеме со 30 проценти акциски удел и 70 отсто финансирање. Инвестираме сè што заработуваме во оваа индустрија бидејќи таа е нашиот единствен бизнис. Дел од нашиот бренд е и академијата „ТАВ“ која што ги обезбедува обуките со кои ги создаваме човечките ресурси потребни за раководење со аеродромите во нашата земја и во регионот. Нема да имаме проблеми во поглед на финасиите или на човечкиот потенцијал за време на проектот. Ќе учествуваме во сите аеродромски проекти што се вклопуваат во нашиот бизнис-модел – изјави Шенер, првиот човек на „ТАВ аеродроми“.
Еден од најфреквентните аеродроми во егејскиот регион на Турција, бодрумски „Милас“ почна да работи со меѓународен сообраќај во 1997 година. Сместен во границите на областа Мугла, аеродромот е лоциран меѓу Милас и Бодрум, два важни града во античкиот каријски регион. Уште повеќе, тој игра навистина значајна улога во превозот до туристички центри како Дидим, Кушадаси, Соке, како и Мугла. Аеродромот е на само 32 километри од Бодрум, 12 од Милас и 82 километри од Дидим.
За „ТАВ аеродроми“
„ТАВ Аеродроми“, еден од водечките оператори на аеродроми во светот, раководи со аеродромите „Ататурк“ во Истанбул, „Есенбога“ во Анкара, „Аднан Мендерес“ во Измир и „Газипаша“ во Анталија, како и во Тбилиси и Батуми во Грузија, Монастир и Енфида-Хамамет во Тунис, Скопје и Охрид во Македонија, Мадина во Саудиска Арабија и аеродромот во Загреб во Хрватска. „ТАВ“, исто така, оперира и во други области на аеродромски услуги вклучувајќи и бесцарински продавници, храна и пијалоци, обезбедување, информатички технологии и друго. Во тој контекст, „ТАВ“ оперира со комерцијалните сегменти на аеродромот во Рига во Летонија. Заедно со своите филијали, компанијата обезбеди услуги на околу 652.000 летови и 84 милиони патници во 2013 година.
Турската компанија „ТАВ“, под чија закрила се и македонските аеродроми „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апост