Водечкиот турски бренд во полето на менаџментот со авиопристаништа, „ТАВ Аеродроми“, откупи 40 отсто од акциите на истанбулски „Сабиха Гокчен“. По договорот за трансфер на сопственоста од „Лимак груп“, „ТАВ“ ќе има еднакви права за раководење на аеродромот заедно со државната компанија „Малезија Ерпортс Холдинг“ (Malaysia Airports Holding), која што поседува 60 проценти од „Гокчен“.Претседателот и главен извршен директор на „ТАВ“, Сани Шенер, изјави:
– Станувањето партнер на аеродромот „Сабиха Гокчен“ е храбар стратешки потег за „ТАВ“ бидејќи аеродромот „Ататурк“ ќе биде затворен кога ќе почне со работа новиот аеродром во Истанбул. Одговорноста на менаџментот на „ТАВ“ е да го очекува завршувањето на управувањето со „Ататурк“ со тоа што ќе најде можност да се прошири присуството на компанијата во Истанбул и целосно да го искористи потенцијалот за раст на авиосообраќајот во градот барем до 2030. Во текот на годините изградивме мрежа од аеродроми кои се раководени од „ТАВ“ применувајќи пристап на соработка и тоа во Скопје, Охрид, Тбилиси, Батуми, Рига, Енфида, Монастир, Анкара, Измир, Бодрум и Газипаша. Особено, тука се истакнува синергијата меѓу Истанбул и Медина. Сите овие аеродромски операции имаат корист од степенот и од делокругот на работата, услугите и знаењето и вештините на нашата централна точка во Истанбул. Токму таа е причината зошто присуството на „Сабиха Гокчен“, којшто ќе прерасне во втор аеродром во Истанбул кога новиот ќе се отвори, стана задолжително – вели Шенер.
Првиот човек на „ТАВ“ истакнува дека присуството на компанијата и на „Ататурк“ и на „Гокчен“ во следните пет-шест години ќе овозможи подигање на продуктивноста и подобрување на услугите кои што ќе одат во прилог на клиентите – и на авиокомпаниите и на патниците.
Аеродромот „Сабиха Гокчен“ почна со работа во 2001 година. По тендерот во 2007, раководењето со аеродромот во следните 20 години го презема конзорциумот „Лимак – ГМР – Малезија Ерпортс“. Годинава „ГМР“ ги продаде своите акции на државната компанија за управување аеродроми, „Малезија Ерпортс“, и го напушти конзорциумот. „Гокчен“ опслужи 15.5 милиони патници со раст од 32 отсто во првите осум месеци од оваа споредено со минатата година. Се планира капацитетот на аеродромот да се зголеми со конструкција на нова писта и дополнителни паркинг-места за летала. Истовремено, во процес е и поврзување на нова метро-линија со аеродромот.Претседателот и главен извршен директор на „ТАВ“, Сани Шенер, изјави:
– Станувањето партнер на аеродро