ТАЖНАТА СУДБИНА на малата Маја: Луѓето кои ја посвоиле добиле сопствено дете, па неа ја вратиле во домот…

Малата Маја 5 – годишно девојче кое  вдомителите пред 10 дена, после 2 години заеднички живот, ја  вратиле во домот за сираци, веројатно никогаш нема да биде посвоена, а детството ќе го помине во институцијата. Оваа приказна ја растажи Хрватска, но и целиот Балкан.Маја како што велат стручњаците, а пренесува „Jutarnji list“ припаѓа во категоријата „најнесречни деца“ со оглед на тоа дека нејзините родители за не се грижат толку колку да не бидат лишени од родителска грижа, што е главен предуслов за посвојување, а недоволно квалитетно за да биде вистинито дека некогаш ќе живеат како семејство.
Еднаш во 3 месеци
Имено таткото на Маја има цврста врска со девојчето, ја посетува и во согласност со своите капацитети води грижа за неа. Неговите контакти со детето се почести од еднаш во три месеци, што Законот за семејство го пропишува како минимум под кој судски може да му се одземе родителската грижа. А во Хрватска не постои законска можност таткото сам да се откаже од родителското право исклучиво поради доброто на своето биолошко дете и на тој начин на Маја да и осигура посвојување, односно раснење во друго семејство.
Стручните тимови ако проценат дека  детето нема реални шанси да расте во семејство на друг начин и дека тоа е најдобро решение, ги користат родителските капацитети на биолошките родители и да им објаснат колку стабилното семејство е важно за детето и колку на детето ќе му користи растењето во здрава средина.
Ако тоа го усогласат со родителите, родителите се одрекуваат од родителското право за детето да оди на посвојување. Во такви случаи родителите имаат право да детето да му кажат дека го сакаат, дека секогаш ќе го сакаат, но дека немаат можност да се грижат за него и дека на тој начин подоцна ќе му обезбедат прекрасни родители. Тоа е многу важно – особено за децата – вели Дијана Топиќ – Росенберг, претседател на Здружението за поддршка на посвојувањe Adopt.
Маја како двомесечно бебе завршила во домот, откако нејзината 18-годишна мајка која исто така е психијатриски пациент, завршила во болница. Таткото не можел сам да се грижи за неа.
Првото семејство
Ниту по излегувањето од болница на мајката, детето не продолжило да живее со родителите. Многу брзо Маја била префрлена во првото згрижувачко семејство.
– Се чинеше дека тоа е обично семејство. Но, кога Маја имаше едвај 3 години, ја посетивме, токму кога се вратија од летување со нејзините посвоители. Сакаше да мочка, а кога ја соблековме останавме во шок. Задникот и беше целиот полн со модринки. Го однесовме детето во болница, а докторот утврди дека детето било тепано со камшик и дека има модрици и на ушите, од што и ги тегнеле истите. Маја повторно отиде во домот, а за се е известена и полицијата па против посвоителите е покрената постапка – раскажува бабата на Маја, а која тогаш како што вели во Центарот за социјална работа побарала таа да се грижи за Маја.

 
Второто семејство
Сепак, Центарот одбиl, очигледно не без причина: бабата која сега има 42 години, заедно со сопругот живеат од социјална помош, никој не е вработен во домаќинството, живеат во дрвена куќа без бања. Покрај тоа, и мајката на Маја, додека била мала, едно време поминувала во Домот за деца без родителска грижа.
После фијаското со првите посвоители, Маја повторно била во домот, а тогаш се појавиле новите згрижувачи: високообразован брачен пар без биолошки деца кој се борел со неплдност и кој не сакал да се занимава со згрижување на класичен начин, туку сакале да се грижат за само едно дете на кое сакале да му помогнат. Изгледале како идеални за Маја, рането дете со кое се барао огромна работа, трпение и стручна помош.
Маја покрај тоа е исклучиво интелигентна, а баба и вели дека на 5 години читала и сметала подобро од просечно дете во второ одделение од основно училиште. Неколку месеци по доаѓањето на Маја во згрижувачкото семејство, макејата останала бремена. Осум месеци по раѓањето на биолошкото дете Маја ја вратиле во домот. Рекле дека тоа нема никаква врска со нивното биолошко дете, но дека повеќе не можеле да излезат на крај со проблемите на Маја, а уште помалку со постојаните посети од биолошките родители на Маја.
Ниту за едното ниту за другото, од никого не можеле да добијат адекватна помош.
– Мојот став е дека тие девојчето никогаш не би го вратиле да не добиеја биолошко дете. Се чини дека ја вдомија Маја за да си помогнат првенствено себе си, а не на неа. Навистина се трудеа, но по доаѓањето на бебето во куќата и работата која ја имаат околу него, едноставно се откажаа. И да бидеме искрени, тие со раѓањето на своето дете се реализираа – вели стручњак добро упатен во случајот.  А тоа дека од системот не добиле скоро никаква помош, додава сосема е точно.
Социјална помош од државата
– Системот и на згрижувачите и на посвојувачите не им нуди стручна помош која ќе им одговара и која е потребна. Особено таа им е потребна на згрижувачите со оглед на тоа дека тие не се посвоители, тие се грижат за детето кое е всушност на грижа на државата. Според тоа, државата е должна да им овозможи да се грижат за детето – и тоа во облик на следење, поткрепа и стручна помош – вели Топчиќ – Росенберг и истакнува дека говори само начелно, бидејќи во конкретен случај ништо не знае. Маја како што велат стручњаците, а пренесува „Jutarnji list“ припаѓа во категоријата „најнесречни деца“ со оглед на тоа дек

Пронајдете не на следниве мрежи: