Тажно видео: Жирафа се збогува со својот чувар на умирање

Само како предупредување: Видеото кое следи ќе ја наполни вашата тастатура со солзи.54 годишниот Марио со години работел во Ротердамската зоолошката градина во Холандија. Кога му бил дијагностициран неизлечлив тумор на мозокот имал само една желба: да им каже збогум на животните за кои тој се грижел.
Благодарение на холандската организација наречена „Ambulance Wish Foundation“, Марио е еден од неколкуте среќни луѓе на кои им е остварена желбата додека се смртно болни.
Сликата, која била споделена на страната на Фејсбук станала вистински хит во рекордно брзо време.
Организацијата е основана од страна на Кес Велдбоер, кој седи зад воланот на амбулантното возило на компанијата и несебично ги исполнува желбите на овие луѓе. Возилата се специјално дизајнирани со долги прозорци, па пациентите полесно можат да стапат во контакт со светот додека се транспортираат. 
Погледнете го видеото на следната страница. 

54 годишниот Марио со години работел во Ротердамската зоолошката градина во Холандија. Кога му бил дијагностициран неизлечлив тумор на мозокот имал

Пронајдете не на следниве мрежи: