петок, 27 ноември 2026
Најново

Театарската претстава „Чолак“ ја одушеви публиката во Кисела Вода

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Синоќа, во новоотворениот Дом на културата “Кисела Вода Кино” се одигра театарската претстава “Чолак”. Истата е во продукција на Драмскиот театар и се изведе во рамките на програмата на овогодинешното културно лето “Три круши”. Одличниот актерски тим околу 90 минути ја забавуваше публиката која ни поројниот дожд не ја спречи да дојде и да ужива во претставата. Со громогласна смеа и аплаузи беше поздравена одличната изведба на Рубенс Муратовски, Сашо Тасевски, Филип Трајковиќ и Дритон Вејсели. Инаку, претставата е во режија на Синиша Ефтимов, а е работена според текстот на Мартин Мекдонах “Приказна за човекот без рака”.
Програмата на “Три круши 2016” продолжува и понатаму, се до крајот на месец јули. Во организација на општина Кисела Вода веќе во петок, со почеток во 20:30 часот е закажан концертот на Александар Тарабунов кој, доколку дозволат временските услови, ќе се одржи на верско-рекреативниот комплекс Три круши, а саботата е резервирана за концертот на Кате и “Нели ти реков”.Одличниот актерски тим околу 90 минути ја забавуваше публиката која ни поројниот дожд не ја спречи да дојде и да ужива во претставата. Со громоглас

Поврзани вести