– Поставување на сообраќајна сигнализација во ОблешевоДеновиве во општина Чешиново- Облешево се работи на одржување и поставување на нова хоризонтална и вертикална сигнализација на магистралниотпат А3 кој минува низ с.Облешево. Поставени се сообраќајни знаци за регулирање на сообраќајот по главната улица а исто така се прави и регулација на сообраќајот на пристапните патишта кај основното училиште „Климен Охридски“ како и кај Општинската зграда во Облешево. Во однос на хоризонталната сигнализација,обележани се пешачки премини како и автобуските постројки кои исто така се соодветно обележани и со вертикална сигнализација.Со спроведување на оваа активност значително ќе се подобри непречено одвивање на сообраќајот низ населено место Облешево а со обележувањето на пешачките премини кај основното училиште ќе се зголеми и безбедноста на децата при поминување на улицата.
Деновиве во општина Чешиново- Облешево се работи на одржување и поставување на нова хоризонтална и вертикална сигнализација на магистралн