Телеком Австрија Групацијата донира помош за засегнатите од поплавите во регионот

Виена, Скопје, 25. 05. 2014. –Телеком Австрија Групацијата ќе донира 60.000 евра како поддршка на настраданите од поплавите во Југоисточна Европа. Комапнијата мајка со своите подружници се согласија да донираат за да обезбедат помош и да придонесат во оваа вонредна состојба. Покрај паричната помош, вработените во компаниите – членки на Телеком Австрија Групацијата, се одзваа на повикот да ја покажат својата солидарност за семејствата од поплавените подрачја во Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.
Вип оператор, во соработка со Црвениот крст на Република Македонија активираше линија за донација за помош на лицата од поплавените подрачја, преку која корисниците на Вип оператор можат да донираат парични средства за оваа намена. Одзивот на корисниците на Вип оператор е огромен – само во првите три дена регистрирани се повеќе од 30.000 повици.  Исто така, вработените на Вип оператор на различни начини учествуваа во акциите на Црвениот крст организирани низ целата земја.
Тргнувајќи од тоа дека секоја минута во вонредни ситуации е важна, а комуникацијата со спасувачките екипи е клучна за опстанокот и за ефикасноста на евакуацијата на населението, подружницата на Телеком Австрија во Србија – Вип мобиле обезбеди сателитски телефони за спасувачките екипи и единиците на Министерството за внатрешни работи. Обезбедени беа и припејд мобилни телефони, полначи, рутери и УСБ стикови за бесплатен интернет во центрите за згрижување на евакуирани лица.  Дополнително, на корисниците на сите мрежи во Србија им беше овозможено бесплатно да се јават на телефонски броеви за итни случаи.
Хрватската подружница на Телеком Австрија – Випнет на сите корисници во деловите од земјата погодени од поплавите им овозможи бесплатни повици, СМС пораки и интернет кон сите мрежи во Хрватска.
Со оглед на тоа дека дел од инфраструктурата на групацијата Телеком Австрија во подрачјата погодени од поплавите беше оштетена, инженерите во Хрватска и во Србија, со поддршка на своите колеги од Австрија, Словенија и од другите земји, без престан со денови работеа да ги намалат штетите и да воспостават регуларно функционирање на мрежата.Комапнијата мајка со своите подружници се согласија да донираат за да обезбедат помош и да придонесат во оваа вонредна состојба. Покрај паричната п

Пронајдете не на следниве мрежи: