Телеком Словеније со втор повик за `TSstartup business accelerator`

Телеком Словеније објавува нов, втор повик за апликации во `TSstartup business accelerator`, програма за стимулирање на бизниси.

По успешна имплементација на првата генерација проекти од `business accelerator` програмата, Телеком Словеније сега нуди можност за соработка со развојните програмери дома и во странство.
Сите компании, тимови и програмери – поединци кои работат на развивање на интернет, мобилни и телекомуникациски услуги и бараат можност успешно да ја презентираат нивната идеја или решение можат да се пријават на вториот `TSstartup` конкурс на Телеком Словеније.
Апликациите треба да пристигнат најдоцна до 8 март 2013 година преку интернет порталот https://www.tsstartup.si/ каде се објавени и условите за учество.
Стручната комисија ќе ги одбере апликациите со најголем потенцијал, а избраните тимови ќе ја започнат `business accelerator` програмата на 18 март 2013 година.
Апликантите кои ќе бидат избрани за учество во програмата ќе се натпреваруваат за парична награда во вкупен износ од 30.000 евра.
Телеком Словеније ја претстави `TSstartup business accelerator` програмата минатата година во септември кога го објави првиот повик.
Во првото коло се привија вкупно 78 тимови, а комисијата на конкурсот одбра 11 тима. После 4 месеци интензивна работа, единаесетте финалисти ги презентираа своите проекти, а првата награда ја поделија два тима: `Fylet` кои развија апликација за пренесување на фотографии помеѓу паметни телефони и компјутери и `Aventa+` кои ја развија новата апликација Peekster, која функционира како врска помеѓу печатените медиуми и интернет содржината.
Макфакс
Телеком Словеније објавува нов, втор повик за апликации во `TSstartup business accelerator`, програма за стимулирање на бизниси.

По

Пронајдете не на следниве мрежи: