Темпера го „обои“ небото над Карпош

Културната летна манифестација , вчера вечер на жителите на Општина Карпош им овозможи  рокерско уживање. Рок бендот „Темпера” , со својот енергичен настап, ја подигна атмосферата во публиката и  ги разигра карпошани.
Гитаристот Драган Гиновски- Гино, тапанарот Мите Димовски, како и Ѓоле Максимовски на бас гитара, и вокалистката Тања Тас, се погрижија, љубителите на овој жанр музика, да се релаксираат во оваа летна августовска ноќ. Групата „Темпера’’, со својата динамична изведба и богатиот репертоар на песни,  вчера вечер, културно го ,, обои ‘’ небото над Карпош.
 Рок бендот „Темпера” , со својот енергичен настап, ја подигна атмосферата во публиката и  ги разигра карпошани.

Пронајдете не на следниве мрежи: