Теоретичарите на завера се ментално поздрави од конвенционалистите

Поимот теорија на заговор или теоретичар на заговор се користат како потсмев и сугерираат дека личноста има идеи кои не одговараат со реалноста. Сепак најновите истражувања говорат за тоа дека личностите кои се склони кон такви теории ментално се поздрави од оние кои ја прифаќаат службената верзија на спорни случувања. Политикологот Ленс Де Хевен Смит од Флорида кој е автор на книгата Теории на заговори вели дека тие поими во негативен контекст се користат од атентатот на американскиот претседател Џон Кенеди.
Тој смета дека се работи за целно и пресметано користење на исмевачки поими, а добро документираниот и точно проверениот заговор на ЦИА и прикривање на вистината за атентатот во потполност ги рехабилитира поединците кои можеби се сомневале во службената верзија.
А најновите истражувања кои доаѓаат од Велика Британија докажуваат дека и покрај тоа што сите ги исмеваат теоритичарите на заговор сепак тие се ментално поздрави од оние кои решиле да ја прифатат службената верзија за спорните случувања како што е на пример терористичкиот напад во САД.
Она што изненадува пред се е откритието кое сега е повторно актуелно а тоа ја доведува во прашање службената верзија за атентатот на Кенеди. Имено, според истражувањето од 2714 собрани коментари од нив 1459 се во корист на теоријата на заговор- а пак конвенционалните објаснувања стануваа се поагресивни, со оглед на тоа дека секогаш се прифатени само од малку луѓе.

 
Додека многумина се согласуваат со теориите на заговор и покрај тоа што тие не нудат во целост објаснување на состојбата туку само се обидуваат да ја побијат конкретната теорија која веќе е службено прифатена.
Во истото истражување теоретичарите на заговор не сакаат кога некој така ги нарекува.
Психологот Лаура Манвел во прилогот објавен во 2010 година се согласува дека всушност ЦИА стои зад исмевањето на теоретичарите на заговор и дека луѓето кои веруваат во службените објаснувања имаат потешкотии да се носат со информациите и идеите кои се спротивни од оние во кои веруваат.
Додека  професорот Стивен Хофман пишува дека конвенционалистите се жртви на така наречените конфирмациски предрасуди, односно бараат информации кои би ги потврдиле само нивните однапред создадени ставови, додека истовремено користат ирационални механизми.
Па накратко, доколку некој некогаш ве нарече теоретичар на заговор немате причина за грижа затоа што сигурно сте ментално здрави.Политикологот Ленс Де Хевен Смит од Флорида кој е автор на книгата Теории на заговори вели дека тие поими во негативен контекст се

Пронајдете не на следниве мрежи: