Секој има барем еден пријател во околината, кој е малку повеќе заглавен во теориите на заговор. Иако може да биде забавно кога мислите дека со светот управуваат неколку манипулатори, ви претставуваме неколку теории на заговор кои звучеле налудничаво, но во пракса се покажале како вистинити.1. Сомнителни откупувања на материјали од страна на „Џенерал Моторс“
Постоеле гласини дека помеѓу 1938 и 1950 година, надлежните во „Џенерал Моторс“ откупувале возови и шински системи по градовите за да ги натераат луѓето да купуваат автомобили. Како единствена невистина во оваа теорија се испостави фактот дека не станувало збор само за „Џенерал Моторс“, туку и за уште неколку компании.
2. Генерал Џејмс Вилкинсон
Иако бил херој за време на војната во 1812 година, секогаш се шпекулирало дека Вилкинсон ги договарал работите на шпански јазик, па дури и кога се наоѓал на највисоката позиција во американската војска. Кога починал, било откриено дека тој навистина бил на платениот список на Шпанија. Во еден момент, тој дури и се обидел да го убеди Кентаки да се отцепи од Унијата и да стане шпанска колонија.
3. Масакрот во Кети
Во 1940 година, Сталин нареди да се изврши масакр врз 20.000 полски воени офицери, а нацистите биле искористени како жртвени јагниња.
Дури во 1990 година, Советскиот Сојуз почнал истрага со која требало да се открие кој стои зад нападот. Во 2010 година било потврдено дека Русите биле тие коишто ги нарачале овие убиства.
4. Грабнувања во Северна Кореја
Иако владата на Северна Кореја ја негираше вмешаноста, севернокорејските агенти помеѓу 1977 и 1983 година почнале да грабнуваат јапонски граѓани. Јапонската влада го видела ова како теорија на заговор на почетокот, сѐ додека не се појавиле конкретни докази. На крајот, тие успеале да ја наговорат Северна Кореја да признае дека биле грабнати 13 граѓани. Се верува дека биле грабнати уште стотина други луѓе.
5. Вотергејт
Новинарите биле малтретирани додека се обидувале да известуваат за скандалот „Вотергејт“, а нивните телефони биле прислушувани при настојувањето на администрацијата на Никсон да го прикрие сето она што завршило како најголемата шокантна и во вистинска смисла на зборот – најголемата теорија на заговор во американската историја.
6. Џими Савил
Со децении се зборуваше дека британското телевизиско лице Џими Савил, со години злоставувал деца, но тоа не било докажано сѐ до неговата смрт кога се појавиле над стотина тврдења за неговото сексуално злоставување, па дури и некрофилија.
7. Валентин Бондаренко, „изгубениот космонаут“
Постоеле гласини дека Јуриј Гагарин не бил првиот човек во вселената, туку првиот човек кој успеал да преживее. Постоеле тврдења дека имало други космонаути кои заминале во вселената, но руската влада ги избришала поради смртта. Валентин Бондаренко бил космонаут и доживеал несреќа во комората за низок притисок. Руската влада го исфрли од сите фотографии и глумеше дека тој никогаш не ни постел, сѐ до 1980 година. Затоа, тој никогаш не стигнал до вселената, па можно е дека тој не бил единствениот паднат херој кого Русите одлучиле да го прикријат.
1. Сомнителни откупувања на материјали од страна на „Џенерал Моторс“
Постоеле гласини дека помеѓу 1938 и 1950