Астронаутите Армстронг и Олдрин се гледаат на снимките од слетувањето на Месечината како поставуваат американско знаме. Но, на видеото се гледа како знамето да се вее, што не е можно доколку нема атмосфера и воздух кои би го држеле знамето исправено…Голем број на луѓе и понатаму не веруваат дека човек слетал на Месечината и за тоа наведуваат бројни „докази“, а најчесто се споменуват фотографски недостатоци и сомнително осветлување.
Теориите на заговор одсекогаш ги интересирале и фасцинирале луѓето. Сигурно сте чуле неколку верзии за убиството на Кенеди, дека слетувањето на Месечината е изрежирано во студио или дека Елвис е жив, а Хитлер не умрел 1945 година во берлински бункер.
„Ова е мал чекор за човекот, но голем за човештвото“, рекол Нил Армстронг во 1969 година додека како прв човек стапнал на површината на Месечината. Со него на мисијата Аполо 11 по површината на Месечината одел и Баз Олдрин. По нив двајца, во следните три години, уште десетмина луѓе оделе по површината на Земјиниот сателит.
Но, од емитувањето на првото слетување се јавиле бројни теории дека е се режирано и дека луѓето никогаш не слетале на Месечината, на фотографиите и на видеото барани се недоследности во секој детал.
Оние кои веруваат во теоријата дека патот на месечината е невистинит најчесо тврдат дека НАСА снимила низа слетувања на Месечината користејќи реквизити, астронаутски костуми и софистицирано осветлување. Исто така често се тврди дека во времето на студената војна САД немале доволно средства да пратат астронаути на Месечината.
Покрај 12 астронаути кои шетале по Месечината, шестмина од нив кои биле пратени во летала и уште шестмина кои орбитирале околу Месечината, на Аполо мисијата работеле повеќе од 400.000 луѓе. Да би успеала целата завера, сите би требало да молчат за се.
На сликите од Месечината никаде не се гледаат ѕвезди
Ова е детал кој теоретичарите на завера често го наведуваат во прилог на својата теза. Никаде нема ѕвезди и се зад астронаутите изгледа како големо црнило. Се поставува прашањетозар не би требало да се гледаат милиони ѕвезди, ако Месечината нема атмосфера? Како аргумент на црнилото се наведува дека НАСА тешко би можела да ја мапира положбата на секоја ѕвездаи дека нормално оставиле темна позадина, а како изговор рекле дека е лош квалитетот на фотографиите.
Од каде на Месечината камен со буквата Ц?
На една од фотографиите од Месечинта се гледа и камен на која изгледа како да е напишана латинична буква Ц.
Како е можно сенките на Месечината да имаат различни должини?
На месечината единствен силен извор на слетлина е сонцето и би било логично сите сенки да бидат паралелни, но зошто на сликите од месечината гледаме дека некои сенки паѓаат во различни правци, се прашуваат многумина. Тоа мора да значи дека околу астронаутите имало повеќе извори на светлина.Голем број на луѓе и понатаму не веруваат дека човек слетал на Месечината и за тоа наведуваат бројни „докази“, а најчесто се споменуват