Имавте можност во првиот дел да прочитате некои од теориите за завера за слетувањето на Месечината. Денес можете да ги прочитате и останатите. На следниов ликн можете да се потсетите на првиот дел: Теорија на заговор: Американците никогаш не слетале на Месечината, Кјубрик изрежирал се! – I делЗнамето на Месечината се вее.
Астронаутите Армстронг и Олдрин можат да се видат на снимките од слетувањето на Месечината како поставуваат американско знаме. Но, знамето на видеото изгледа како да се вее, што не е можно доколку нема атмосфера и воздух кои би го држеле знамето исправено.
Теоријата за знамето безброј пати ја оспориле бројни професионалци. НАСА објаснила дека знамето било ставено во туба и дека ефектот на веење настанал кога го извадиле . Покрај тоа, кога го поставиле, астронаутите сами го помрднале знамето.
Астронаутите скокале поврзани со жици и сето тоа било пуштено успорено
Некои уверувале дека астронаутите биле снимени како скокаат во студио додека биле на тенки жици, а дека НАСА го успорила видеото за да се добие впечаток дека скокаат низ вакум. Дури имало и случаеви луѓе да повторат вакви снимки.
Научниците имаат и свој одговор, а се крие во прашината. Да го снимеле на Земјата прашината би се собрала во облак, а не да падне веднаш на површината. За да го изрежираат ова, целото студио би требало да биде во вакум, што и денес би било тешко да се изведе.
Каде е ударниот кратер?
Доколку НАСА навистина слетала на Масечината со модул, околу него би тербало да има кружен кратер како трага, но на фотографиите не се гледа, туку изгледа како модулот да бил нежно приземјен.
И оваа тероија на завера има неколку објаснувања. Кратерот не би теребало да се очекува бидејќи требало многу помалку притисок за слетување, отколку на Земјата. Кратер нема и поради тоа што Месечината е карпа.
НАСА користела исти позадини на различни фотографии
Фотографиите од мисијата Аполо 15 изгледаат како да имаат идентична позадина, иако НАСА наведува дека ги снимиле во растојание од повеќе километри. Објаснување би можело да биде и дека позадината не е идентична туку слична. Она што изгледа како два рида во близина во суштина се планини оддалечени со километри. На Земјата такви предмети ќе бидат послабо видливи, но на Месечината нема атмосфера која би ги сокрила оддалечените објекти.
Стенли Кјубрик теорија
Покрај теориите за завера за слетувањето на Месечината стои и приказната дека американската влада го ангажирала познатиот режисер Стенли Кјубрик да им помогне да ги лажираат првите три слетувања. Оваа теорија има две верзии. Според едната на Кјубрик му пристапиле во 1968 година додека филмот „2001: Одисеја во вселената“ бил во постпродукција и дека НАСА била воодушевена од ефектите во филмот, додека, според другата приказна Кјубрик бил ангажиран пред тоа и дека славниот филм бил пробен приказ за самите слетувања.
За оддржување на оваа теорија е заслужен лажниот документарец „Темна страна на Месечината“, но и лажната вест која била објавена како шега.
Знамето на Месечината се вее.
Астронаутите Армстронг и Олдрин можат да се видат на снимките од слетувањето на Месечината к