Најновата теорија на заговор во врска со малезискиот авион кој беше соборен над Украина е следната: имено, еден руски новинар анонимно тврди дека ја открил поврзаноста помеѓу соборениот авион на украинската граница и авионот од истата матична компанија кој исчезнал без трага во март годинава.Ова се неговите аргументи и приложени докази.
„Очигледно е дека се крие вистината за авионот, а целата трагедија се одигра како рушењето на кулите во Њујорк на 11 септември“.
Овој новинар тврди дека авионот кој исчезнал во март годинава, бил скриен во американската воена база Диего Гарсија. Потоа, тој бил префрлен во Холандија и подоцна полетал кон Малезија. Внатре не се наоѓале вистински луѓе, туку трупови. Пилотите не биле вистински, туку се користел автопилот. А сето ова било дело на активниот пилот кој претходно скокнал со падобран.
Кога се нашол на вистинското место, авионот експлодирал преку однапред поставените експлозивни направи. Ова потсетува на 11 септември, како и фактот дека од остатоците се извадени неоштетени холандски пасоши, со потпис на ЦИА. Пасошите се неважечки и поради тоа на нив стојат дупки. Полицијата на лице место забележала чуден мирис, бидејќи во авионот се наоѓале трупови кои веќе биле во фаза на распаѓање. Тоа значи дека тие не загинале при падот на авионот.
Броевите на двата авиони се скоро идентични, а се разликуваат само за една буква – О и Д.
-Патниот број на летот МХ370, исчезнатиот во март (9М-ОСП);
-Летот со број МХ17, кој „паднал“ завчера (9М-МРД).
Идејата зад оваа постапка е да се обвини Русија за рушење на авионот и започнување на војна, пишува анонимниот новинар на блогот Јурасунди.
Остатокот од текстот прочитајте го на следниот линк: Теорија на заговор: Американците никогаш не слетале на Месечината, Кјубрик режирал се! – II делОва се неговите аргументи и приложени докази.
„Очигледно е дека се крие вистината за авионот, а целата трагедија се