Тепачка која ја промени НБА лигата: Грешката на Рон Артест која влијаела на историјата

Денес се навршуваат десет години откако во Детроит се случила една од најнасилните сцени во историјата на НБА лигата.  На натпреварот помеѓу домаќинот Детроит и Индијана, само 45 секунди до крајот, кога веќе се било решено, непотребно силниот фаул на Рон Артест и уште поглупавата реакција на Бен Волас, довеле до масовна тепачка во која учествувала практично половина арена.
Четири минути до карајот од одлучувачкиот натпревар, Рон Артест направил неспортски фаул над Волас, што подоцна и го одлучило натпреварот. Незгодниот Артест не го заборавил тоа, а Детроит во финалето го поразил Лејкерси и дошол до шампионската титула.
Првиот натпревар на Пејсерс и Пистонс по тоа финале, бил закажан за деветнаесети ноември 2004 година. Играчите на Индијана биле уверени дека шампионските прстени требало да завршат на нивните прсти а не во Детроит, па на обичен натпревар во регуларниот дел од сезоната излегле како да се игра на живот или смрт. Ги разбиле шампионите. Артест бил најдобар играч на теренот, но тоа за неговата луда глава не било доволно. 45 секунди пред крајот Рон Артетр го удрил Бен Волас по глава, не толку силно но доволно за да го испровоцира. И потоа настанал општ хаос.
Епиолг на тепачката? Рон Артест бил суспендиран до крајот на сезоната. Стивен Џексон не играл 30 натпревари, Онил 15.   На натпреварот помеѓу домаќинот Детроит и Индијана, само 45 секунди до крајот, кога веќе се било решено, непотребно силниот фаул на Рон Артест и уш

Пронајдете не на следниве мрежи: