Тешка сообраќајка на патот Битола- Демир Хисар! Едно лице загина

Едно лице загина, а четири други се повредени во сообраќајната несреќа која вчера вечерта околу 21 часот се случи на магистралниот пат Битола-Демир Хисар.Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале автомобил „Мерцедес“ управуван од 42-годишниот битолчанец С.П. и товарно возило „ТАМ“ кое го управувал 30 годишниот Е.Б. од Битола.
Во тешката сообраќајка животот го загубил возачот на „Мерцедесот“ чија смрт е констатирана во битолската болница, а со повреди се здобиле тројца сопатници од автомобилот и возачот на товарното возило на кои им е укажана лекарска помош во истата болница.
Со тешки повреди, фрактура на черепот се здобил сопатникот Г.Ј. (24), додека со полесни повреди минале исто така сопатниците И.Ј. (41) и А.Р. (21) кое се задржани во болницата на понатамошно лекување, инаку сите од Битола.
Возачот на товарното возило Е.Б. е полесно повреден и по укажаната помош во битолската болница бил пуштен на домашно лекување.
На местото на несреќата увид извршиле екипи од СВР Битола и јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција. Сообраќајот на овој магистрален пат бил во прекин до 23:50 часот односно до завршување на полицискиот увид.Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале автомобил „Мерцедес“ управуван од 42-годишниот битолчанец С.П. и товарно возило

Пронајдете не на следниве мрежи: