Едно лице загина, а седуммина се повредени, меѓу кои и четиригодишно девојче во тешка сообраќајна незгода што ноќеска околу два часот се случила на обиколницата помеѓу тунелите Липак и Стражевица на Ибарската магистрала кај Железник.Директно се судриле два автомобила со македонска и бугарска регистарска табличка. На лице место загинал бугарски државјанин, кој бил на околу 45-годишна возраст.
Едно девојче се здобило со полесни повреди на главата. Жена на околу 40 години се здобила со тешки повреди на главата, а лекарите ја затекнале во бессознание. Таа веднаш била префрлена на реанимација во Ургентниот центар.
Останатите патници имале повреди на главите и скршеници по телото.
Сите се пренесени во Ургентен центар, а се очекува да се откријат причините за несреќата.Директно се судриле два автомобила со македонска и бугарска регистарска табличка. На лице место загинал бугарски државјанин, кој бил на околу 45-го