Ќе можете ли да ги одговорите? 1. Во една кошница имало 4 јаболка. 4 деца си зеле по едно јаболко, но во кошницата останало едно јаболко. Како е возможно тоа?
2. Што е тоа што се среќава еднаш на секоја минута, два пати во секој момент, но никогаш на 1000 години?
3. Еден човек живее на горниот кат на многу висока зграда. Секој ден се симнува до приземје со лифт за да оди на работа. Но кога се враќа, слегува на еден од средните катови и се качува по скалите до горе, освен ако не врне. Зошто?
4. Колку јајца можете да ставите во една празна кошница?
5. Тројца души одат во хотел и плаќаат за соба од 30 долари, при што секој од нив дава по 10. Откако гостите си заминале во собата, управникот се сетил дека има попуст и дека цената е 25 долари. Им вратил 5 долари. Тие му дале бакшиш 2 долари и си ги поделиле останатите 3. Еден од нив прашува: Нели сега, откако си земавме по 1 долар, секој од нас платил по 9 долари? Тоа вкупно е 27 долари. Плус 2-та долари што ги дадовме на управникот, значи стануваат вкупно 29. Кај се губи едниот долар?
6. Татко и син патуваат со кола. Прават тешка сообраќајка и доаѓаат возила на брза помош. Едното возило го носи таткото во една болница, другото возило го носи синот во друга. Синот треба итно да се оперира. Хирургот влегува во операционата сала, но штом погледнува вели: Не можам да оперирам, ова е мојот син! Како е возможно тоа?
7. На еден брод е закачена скала направена од јаже. Растојанието помеѓу 2 скалила е 20 см. Скалата е потопена во водата до 4-то скалило, броејќи од крајот кој е во водата. Доаѓа плима и нивото на водата се покачува со 40 см. Уште колку скалила ќе потонат?
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.