Тестамент на Горазд Росоклија.Деновиве решив да направам тестамент.Не сум депресивен, не се подготвувам да умирам, тестамент не како резиме на создаденото во животот, туку како список на материјални добра со кои располагам.И сфатив колку малку материјално оставам зад себе. Предмети за чие поседување сум посветил време и енергија, а тие не знаат дека постојам и нема да се сеќаваат на мене.По којзнае кој пат, се соочив со сознанието дека, сЕ што оставам е во луѓето.Моите деца, моите ученици, моите пријатели, луѓето чии животи сум ги допрел.И жените!Жените за кои правев сЕ, за на крајот да им остане горчлив вкус во устата заради неостварени нивни или заеднички сонувања.Како да им објаснам дека не сме виновни, ниту тие ниту јас?Виновникот е вечната вистина дека љубовните ветувања не траат, и не треба да траат, ниту еден миг после исчезнување на љубовта.Милосрдие после љубов е навреда и понижување.Жалам што првиот тестамент не го напишав кога имав 30 години, да го видам направеното за да станам свесен за ненаправеното.Тоа е еден човечки живот.НештаХорхе Луис Борхес (1899-1986)Мојот бастум, ситнежот, приврзокот,Послушната брава и зарибанатаПрибелешките што моите преостанати денови ќе ми ги дозволатНемањето време за читање, картите, масата,Книгата, меѓу чии листови е притиснатаЉубичицата, доживувањата во едно попладнеНесомнено незаборавни, заборавени,Вцрвенетото огледало свртено кон запад Кај што гори илузорниот изгрев. Многу нешта,Датотеки, прагови, атласи, вински чаши, нокти,Кои ни служат, како неми робови,Толку слепи и така мистериозно тајни!Тие долго ќе го надживеат нашиот заборав;И никогаш нема да знаат дека нас не нема.Деновиве решив да направам тестамент.Не сум депресивен, не се подготвувам да умирам, тестамент не како резиме на создаденото во животот, туку
Пронајдете не на следниве мрежи: