Теткински муабети!

Да признаам искрено, мене од година на година сѐ повеќе и посилно ме нервира домашнава ЕУфорија за фамозниот извештај, сосе сите оние бесмислени обиди на опозицијата да помогне тој да биде негативен и со сите оние фалбаџиски настапи на власта, демек, ете, гледате и Унијата нѐ фали дека добро работиме- Ооо, види го што убав е, нели? Личен тој, е баш е разубавен.
– Ааа, не, мене ми е баш малку така троа огрден.
– А бе, вие луѓе слепи да не сте? Не гледате дека е сосема пропаднат?
Море теткински муабети, еј! Ќе разберев да зборувавме за Митре, синот на Паца од трети кат, кој се вратил од гурбет, ама за извештај вакви теткински муабети, ич не ми влегува во умот. Убав бил, не бил убав, позитивен е, ма негативен е. Ако воопшто има нешто интересно во тој нивни извештај, тоа е оној заклучок на Европската комисија со кој тие првпат признаваат дека Унијата ќе го загуби својот кредибилитет со своето непринципиелно однесување кон Македонија. Демек, за сите важело правилото „колку ќе си сработиш сам, толку скали поблиску ќе бидеш до нас”, само за Македонија имало дополнителни услови.Проблемот е што нивниот кредибилитет одамна е нарушен, загубен, удавен, затоа што со години, тинтрајќи го аздисот на нивното разгалено дериште Грција погазија сè, и правниот систем, и моралот, и идеалите.Разлигавената, фрустрирана, мрзлива и фашизоидна мамина маза Грција е таа што ви ги ничкоса угледот, кредибилитетот и принципите, и не само таа, оти ене ја и Бугарија како некоја грда другарка почна во сè да ја имитира миленицата на сите, а вие сте тие што цело време го дозволувате и поддржувате тоа, ама ај да не бидам како некој намќор што на сè гледа негативно, па еве ќе пофалам, добро е што мрднавте макар милиметар во сопствениот напредок кон демаскирање на вашата непринципиленост. Сега треба да ги отворите следните поглавја: меѓународно право, почитување хашки пресуди, основни човекови права на самоименување, демократија наместо консензус, превоспитување на разгалените дечишта, забрана за секој облик на фашизоидно однесување. Е, по ова ќе можеме да зборуваме за ваше повторно интегрирање во светот на човечноста, етичноста, цивилизираноста.
Инаку, да признаам искрено, мене од година на година сè повеќе и посилно ме нервира домашнава ЕУфорија за фамозниот извештај, сосе сите оние бесмислени обиди на опозицијата да помогне тој да биде негативен и со сите оние фалбаџиски настапи на власта, демек, ете, гледате и Унијата нѐ фали дека добро работиме. На првиве од опозицијава навистина немам што да им кажам, оти не можам да разберам како е можно некој да наоѓа радост во можен неуспех на сопствената држава, ама тие и не слушаат ништо друго освен странски амбасадори, а на вториве од власта сакам да им порачам дека воопшто не е за фалење она што всушност ви е работа. И едното и другото однесување ми се баш теткински.

 

Се надевам дека се разбираме за моево користење на терминот „теткински муабети” што го употребувам за опис на изминатава недела, оти не мислам на некои конкретни тетки, ваши или мои, туку потребно ми е она народско значење што сами сме го сместиле векови наназад во термините како теткински муабети, бабини деветини, мајки и шајки.
Се сретнаа тетка Венизелос и тетка Вигенин на шушбуш-муабети за да зајакнат стратегија против нивната омразена сосетка Македонија. Едната ѝ го сака името, другата историјата и навистина изгледа баш така, како две тетки што на третата сакаат да ѝ преземат стекнато име во населба поради угледот што го има набилдано преку сопственото славно минато. Еве, тргнати се двеве тетки да ја вмешаат и тетка Албанија, која треба на омразената сосетка преку свои врски да ѝ поттикне малку русвај по дома. Еее, тетки едни распрдени, не си ги гледате кашканиците во сопственото скутало, сакате преку туѓа мака да ја скриете својата неетичност. Проблемот е што и ние имаме тетки а ла Денко Малевски, кои тврдат дека Македонија треба да почне да ја брои историјата од 19 век. Нека си го брои тетка Денко сопственото семејно минато од 19 век, нека се убеди себеси дека баба му ја донел штрк, ама нека престане да ни плете грчко-букарски шал околу вратот, оти при крај сме со нервите, тетке!
Значи, теткарство по дома. Цела јавност се возбуди околу Дечкото со Ограничена Остроумност – Д.О.О. Саше Политико, заради неговите колумни што испаруваат од лонецот со „маџарски” гулаш. Ај што Мисирков, Конески и Кепески гарант во гроб ќе се превртуваат ако случајно ѕирнат во неговите граматички ребуси, ај што брка поими, па мисли дека навредување и смисла за хумор е исто, ама каква тетка е Саше, еј, од оние најтипични маалски тетки што по цел ден дремат на балкон и чекаат некој да помине.
Ццц, ене го оној Трендо, значи каков фолирант е, еј! Со оној другар му Иво, едно добар ден не ми викаат. Ииии, ене го оној грдион Русјаков, ааа, видете го само, дрогираш ниеден! Малеее, глеј го она охриѓанчено што се облекува како Бетмен, со тоа неговите глупости што си мисли, а? Знам јас што си мисли, само скопски девојчиња му се мотаат низ памет, а ваму ми се прави нешто. Е, уште овој требаше да се мота низ улица! Море, Геровски, вмроовчиште брадосано, клошар еден, види го само како оди, како пијан по ќерамиди. Пу-пу, да си го прегризам јазикот, што ми требаше зборот пијан да го спомнувам, ене го она пијаничиште, коцкариште, расипикуќа Џамбазов! Сега ќе му викнам. Алооо, Игоооре, што не цркнеш од цироза, а? Ќе те видам јас тебе еден ден гол покрај контејнер, така да си знаеш.
Ама ако, да е жива и здрава тетка Саше, внуци да си дочека, теткарството да ни го зачува! А сака она пустата кога другите зборуваат за неа. Само што многу бес се собира од толку дремење на балкон, а од бес 'рѓосуваат виклери, мувлосуваат јајцата во маската за коса.
П.С. Тетка Милчин, тетка Лидија Димова и тетка Јани ѝ се налутија на тетка Филе затоа што си умислија дека Чехинкава го сменила РЕЖИМОТ на диета, а нивниот го прогласила за неуспешен.
Авторот е уметник
Автор: Александар Русјаков за Нова Македонија- Ооо, види го што убав е, нели? Личен тој, е баш е разубавен.
– Ааа, не, мене ми е баш малку така троа огрден.
– А бе, вие луѓе сл

Пронајдете не на следниве мрежи: