Teсто што се топи во уста: Направете бургер од палачинки!

Бургер од палачинки може да направите многу лесно дома, бидејќи се состои од две палачинки, меѓу кои можете да ставите што сакате. Едноставно – печете палачинки, ставете полнење на едната и покријте со друга палачинка.
Состојки:
4 белки
2 жолчки
1/4 чаша млеко
2 лажички екстракт од ванила
6 лажици брашно
1 лажица прашок за пециво
5 лажици шеќер


Подготовка:
Прво одделете ги белките од жолчките. Ставете го садот во кој се наоѓаат белките во фрижидер 15 минути. Во меѓувреме, додадете ги млекото и ванилата во садот со жолчките, изматете ги со жица, а потоа додадете ги брашното и прашокот за пециво. Мешајте со жица додека не се соедини, но не претерувајте. Мешајтен ги белките додека не станат проѕирно бели. Потоа постепено додавајте шеќер и мешајте. Полека додадете ги белки во смесата со жолчки и нежно промешајте.
Подмачкајте ја тавата, загрејте ја како што е опишано погоре и печете палачинка по палачинка.
Пријатно!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.