The Sun: Пророчицата која го предвиде 11. септември, го предвиде и Брекзит!

Таблоидот The Sun објави материјал, во кој информира своите читатели дека Брекзит бил замислив и пророкуваше од бугарската пророчица Ванѓа многу одамна.Под наслов „Се шегувате, нели? Дали слепата пророчица која го предвиде 11 септември, го предвиде и Брекзит … и ќе го следи ли претскажаната од неа војна во Европа?“, весникот информира за појавата  на теории на заговор веднаш по референдумот дека и овој резултат бил претскажан од Баба Ванѓа, исто така позната како „Нострадамус на Балканот“.
Весникот ја нарекува Баба Ванѓа само со првиот збор – Баба, веројатно сметајќи го тоа за дел од името.
Според The Sun, Ванѓа предвиде дека Европа „ќе престане да постои“ до крајот на оваа година. Тоа, според многумина, било предвидување за резултатот од референдумот, кој беше освоен од приврзаниците на заминувањето.
The Sun тврди дека Баба прорекла и „голема муслиманска војна“, што пак било поврзано со појавата на тн. Исламска држава.
Изданието оди и подалеку, па ѝ припишува на Ванѓа предвидувања за употребата на хемиско оружје во Сирија, Арапската пролет и инвазијата на исламски екстремисти во Европа.Под наслов „Се шегувате, нели? Дали слепата пророчица која го предвиде 11 септември, го предвиде и Брекзит … и ќе го следи ли претскажаната

Пронајдете не на следниве мрежи: