„The Verge“: Фејсбук го менува името, компанијата планира промена на брендот?

Американскиот технолошки гигант Фејсбук планира наредната седмица да го промени името, пишува технолошкиот портал „The Verge“.
Порталот, повикувајќи се на сопствени неименувани извори, наведува дека директорот на Фејсбук, Марк Закерберг, за промена на името на компанијата планира да зборува на 28-ми октомври на годишната конференција „Connect“, но тоа би можело да биде направено и порано.
Од Фејсбук не сакаат да ги коментираат гласините и шпекулациите.
Веста за промена на името е објавена во време кога компанијата се соочува со засилена контрола од страна на властите на САД поради својот начин на делување.


Аналитичарите наведуваат дека промената на името на Фејсбук ќе овозможи подобро контролирање на групациите кои се под негова закрила како Инстаграм, Ватсап, Окулус и други.
„The Verge“ наведува дека не е невообичаено големите компании од Сицилиумската долина да го менуваат своето име со намера да ги прошират своите услуги.
Промената на брендот или името исто така ќе се одрази и на вниманието кое Фејсбук го обрнува на градењето на т.н. метаверзум, што е „виртуелен свет во кои луѓето можат да користат разни уреди за движење и комуникација“.
Во текстот на „The Verge“ се наведува дека евентуалното име на компанијата може да има врска со „Horizon“. Неодамна, Фејсбук ја преименува својата VR развојна платформа од “Horizon” во “Horizon Worlds”.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.