Ти се допаѓа, но има момче? Еве како да ја „освоиш“?

Постојат две опции доколку девојката која ти се допаѓа е зафатена- или откажи се или обиди се да ја „украдеш“.Испрати знак
Прво треба да ѝ дадеш знак дека ти се допаѓа. Затоа не се криј во ќошевите како 4-годишно дете. Биди отворен.
Таа треба да знае дека ти знаеш
Нагласи ѝ дека знаеш дека има момче. Тоа може да биде одличен предзнак за успех. Флертувај, но и разговарај со нејзе за момчето, дај ѝ до знаење дека тој не ти претставува закана. Прашај ја каков е, додека флертуваш безобѕирно. Што повеќе ќе ти открие, ќе бидеш поблиску до целта.
Флертувај
Таа во секој момент мора да знае дека ја посакуваш, дури и доколку не ѝ се додворуваш  постојано. Прашај ја дали постои можност да раскине со момчето бидејќи си  лудо вљубен во неа. Кажи ѝ дека сакаш да излезеш со неа.
Никогаш не чекај одговор
Доколку чекаш таа да ти одговори, би можел да се најдеш во непријатна ситуација. Префрли ја темата на нешто друго штом ќе ја прашаш да излезе со тебе. Тоа ќе ја наведе да порумени и да се насмее, а нема да насети дека ситуацијата е непријатна.

Научи да заведуваш
Доколку случајно налеташ на неа, задолжително насмевни се. Биди забавен и шармирај ја. Кажи ѝ дека ќе ти недостига и сето тоа прави го со насмевка. Совет плус- немој да ги правиш овие работи кога нејзиното момче е во близина.

Еден сериозен разговор
Доколку секогаш глумиш кловн, тоа нема да биде добро. Затоа од време на време биди сериозен. Додека се подготвуваш да си одиш од кафулето каде што таа седи, пријди и речи ѝ сериозно: „Среќен сум кога сум со тебе и кога разговараме. Ти си поинаква, убаво ми е со тебе. Би бил најсреќен да не си со тоа момче“. Потоа насмевни се. Дади ѝ до знаење дека не флертуваш само од забава туку дека си сериозен. Доколку се плашиш дека нема да се сетиш на речениците кои треба да ѝ ги кажеш, запиши ги.
До сега веќе би требало да биде вљубена во тебе до уши.Испрати знак
Прво треба да ѝ дадеш знак дека ти се допаѓа. Затоа не се криј во ќошевите како 4-годишно дете. Биди отворен.

Пронајдете не на следниве мрежи: