Постојат неколку причини зошто медицинскиот картел е премногу силен за да пропадне, но најглавната од нив е што тука станува збор за огромна сума пари.Замислете да биде откриено дека постои опасност дека илјадници мостови на светот ќе се урнат. Не затоа што е невозможно да се поправат, ниту пак затоа што се направени од евтин материјал, туку затоа што првобитниот дизајн е неадекватен и се коси со основните принципи на архитектурата.
Со други зборови, науката умее да биде лажлива. На овој начин функционира и медицинскиот картел. Ни се претставува со пропаганда која науката успешно ја продава.
Науката е најмоќната рационализација во модерниот свет. Сите ѝ веруваат на науката. Светот без консензуси за стварноста многу брзо би се распаднал.
Кој и како ги одобрува лековите?
Прво се спроведува клиничко тестирање. Се бележат извештаите од тие клинички тестирања. Извештаите и студиите се објавуваат во рецензирани медицински списанија. Студиите се наука.
Ако се земе в предвид дека голем број луѓе (милиони) страдаат од лекови, тогаш е логично да се заклучи дека голем број од објавените студии кои тврдат дека тие лекови се безбедни – се лажни. Нема друго објаснување.
Медицинскиот картел се базира на една од најголемите измами – научната измама
Важно е да се напомене дека ФДА (Агенцијата за храна и лекови во САД), е потполно свесна дека некои од лековите кои ги одобрува како безбедни, ги убиваат луѓето.
ФДА не презема одговорност за своите постапки, но истовремено не ги негира статистиките.
ФДА отворено признава дека постојат 2 милиони сериозни непосакувани ефекти од користењето на лековите. Кога се спомнува сериозни, тука спаѓаат шлогот, срцевиот удар, невролошките оштетувања и сл.
Каде е правдата?
Во меѓувреме, ФДА ги нападна нутритивните суплементи кои според последната федерална регулатива се сметаат за „потенцијално опасни“ и покрај фактот што постојат докази за совршената безбедност на суплементите.
Во меѓувреме, анализите од 2012 година покажале дека антикоагулантните средства предизвикуваат несакани ефекти. Она што е фасцинантно е дека анализата ја извршиле истражувачи кои немаат врска со ФДА. Бесмислено е да се помисли дека ФДА не знае за тоа.
Бидете сигурни дека постојат лекари кои се свесни за смртните статистики на лековите. Тие знаат дека одредени лекови убиваат. Тие знаат што се случува. Тие молчат.
Сите оние кои се дел од медицинската бранша, знаат што се случува. Дури и СЗО знае.
Роналд Кавано, поранешен вработен во ФДА кој ги испитувал лековите, разоткрил во 2012 година дека ФДА е како мафија која го штити својот клиент „Биг Фарм“ во различните мафијашки стратегии.
„Бев сведок на рекет, напад врз сведоци и многу други работи. Ми се заканија дека ќе завршам во затвор“, рекол Кавано и додал: „Еден од менаџерите од ФДА им се закануваше на моите деца. Се плашев дека ќе ме убие ако се обратам до Конгресот или криминалните истражувачи“.
Кавано бил еден од оние кои не сакале да ги одобрат лековите како безбедни, сѐ додека навистина не се покаже така. На луѓето како него им е кажано да не ја доведуваат во прашање безбедноста на лековите кои им ги праќаат фармацевтските компании, туку само да ги одобруваат, да стават печат, да речат дека се безбедни и ефикасни, дури и ако не се!
Некои фармацевтски компании го плаќале одобрувањето на своите лекови, односно ја подмитувале ФДА.
Замислете ја следната слика: Вие сте чувар на порта. Ваша работа е секој ден да ја отклучувате портата и да ја оставате отворена така што сите ќе можат да поминат. Сепак, вие знаете дека поголемиот дел од луѓето коишто ќе поминат ќе завршат мртви и не правите ништо во врска со тоа.
Тоа е вистинската слика за ФДА.
Извор: nomorefakenews.comЗамислете да биде откриено дека постои опасност дека илјадници мостови на светот ќе се урнат. Не затоа што е невозможно да се поправат, ниту пак за