Тијана Цикарска од ОСУ „Ацо Русковски“ од Берово го освои третото место на Рациновите средби во Велес

53-тите Рацинови средби кои се одржаа на 9 и 10 јуни во Велес донесоа уште едно признание и награда за ОСУ “Ацо Русковски“ од Берово.Во конкуренција од 20 рецитатори од средните училишта од Македонија, ученичката Тијана Цикарска од втора година од ОСУ “Ацо Русковски“  го освои третото место на рецитаторскиот конкурс во рамките на Рациновите средби.
На манифестацијата Тијана ја рецитираше песната “Антологија на болката“ од Коста Рацин која ја спремаше под менторство на професорката по Македонски јазик и литература Душанка Паговска.
-Многу сум задоволна од овој рецитаторски конкурс затоа што не само што ни даде можност да си го покажеме својот натпреварувачки дух, туку ни даде и можност да се запознаеме со другите учесници, изјави Тијана Цикарска.
Директорот на ОСУ “Ацо Русковски“ истакна дека учебната 2015/2016 година помина со голем број на освоени награди и места на државните натпревари, а со последната награда на Рациновите средби се заокружува оваа голема бројка што е предизвик и валоризација на квалитетот на образовниот процес во училиштето и општината.Во конкуренција од 20 рецитатори од средните училишта од Македонија, ученичката Тијана Цикарска од втора година од ОСУ “Ацо Русковски“

Пронајдете не на следниве мрежи: