TikTok ќе издвои 375 милиони долари за борбата со COVID-19

TikTok најави дека ќе издвои 375 милиони долари за да им помогне на оние коишто се борат против коронавирусот, како на поединците, така и на компаниите.
Компанијата ветува дека од овој износ вкупно 250 милиони долари ќе се донира преку фондови, пишува The Verge.
Поддршката во износ од 250 милиони долари е поделена во неколку различни фондови, еден од нив е фондот за помош на здравствените херои кој ќе го обезбедат со финансии за медицинските лица, со медицинска опрема и друга помош.
Потоа Фонд за помош на заедницата(40 милиони долари) помош за организации кои им помагаат на заедниците кои се тешко погодени од пандемијата.
ТikTok вети и 50 милиони долари за он-лајн учење за студентите и учениците.
TikTok не е прва платформа која вети помош за борба со COVID-19. Google ќе инвестира 200 милиони долари, Apple издвои 50 милиони долари за музичката индустрија и 100 милиони за новинарите; Тwitter најави донација во износ од 1 милијарда долари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.