Тина Тарнер ќе се мажи по 27 години врска

И покрај првичната одлука никогаш повеќе да не се мажи, Тина Тарнер по 27 години врска реши да застане пред олтар.Славната рокенрол баба се мажи на 74 годишна возраст, за 17 години помладиот Германец Ервин Бах, со кој е во врска 27 години, пренесуваат медиумите.Гламурозната венчавка планираат да ја направат на отворено, во близина на езерото во Цирих. Славната пејачка ја ангажираше и омилената готвачка Рика Зандонеле и Хорст Питермен за да ги подготват нејзините омилени јадења.Тина и Ервин се запознале во 1986 година во Германија, кога Тина била на турнеја, а Бах бил директор во дискографската куќа ЕМИ. Тој ја има и претходно запросено Тина, но таа го одбила. И претходно јавно изјавуваше дека повеќе нема да се мажи по проблематичниот брак со Ајк Тарнер, кој ја злоставуваше.Но, љубовта победи, а Бах ја чекал Тина цели 27 години.
МакфаксИ покрај првичната одлука никогаш повеќе да не се мажи, Тина Тарнер по 27 години врска реши да застане пред олтар.

Пронајдете не на следниве мрежи: