Тинејџер ги убил своите браќа, едниот имал 4 а другиот 10 години

Во Американската држава Јута, уапсен е тинејџер кој е осомничен дека ги убил своите двајца браќа, соопштила полицијата.
Според, известувањето на полицијата, децата од четири и десет години се убиени со нож во  Јута, САД. Главен осомничен за убиството е нивниот постар брат кој има 15 години.
Притоа во семејството имало шест деца, од кои четири биле посвоени, всушност и убиените се посвоени дечиња. Додека пак момчето за кое се смета дека ги убило е нивно биолошко дете.
Тинејџерот останал сам дома, со своите браќа, додека мајката ги однела другите деца на претстава. По враќањето дома таа ја видела страшната глетка од своите мртви деца. Веднаш ја известила полицијата.
Притоа, 15-годишното момче е пронајдено истата ноќ на оддалеченост од 8 километри од местото на несреќата. Веднаш е однесен во болница каде што му е извршена психолошка проценка, а полицијата не сака сеуште да дава изјави за неговата состојба.
Таткото, инаку воено лице бил отсутен кога се случила трагедијата.Во Американската држава Јута, уапсен е тинејџер кој е осомничен дека ги убил своите двајца браќа, соопштила полицијата

Пронајдете не на следниве мрежи: