Тинејџерка пронашла златна плочка вредна 16.000 евра. По 1 година полицијата соопшти дека…

Девојчето во август минатата година, во едно езеро во Баварија пронајде половина килограм злато на длабочина од два метри.Одлучила златната плочка да ја предаде на полицијата која цело време се обидуваше да го пронајде сопственикот, иако на никој не му било јасно како плочката завршила во езерото.
Златната плочка која вреди 16.000 евра, сега може да остане во сопственост на тинејџерката откако полицијата соопшти дека не може да го пронајде вистинскиот сопственик.
По шестмесечна истрага, одлучено е дека девојчето може да го задржи златото, бидејќи вистинскиот сопственик го нема. Нејзиниот идентитет не е познат. Иако серискиот број бил ошететен, експерти сепак успеале да го дешифрираат.
Постојат претпоставки дека златото во тоа езеро е од Втората светска војна, но тоа не е потврдено.

Пронајдете не на следниве мрежи: