Тинејџерката Шифрин го освои златото во слалом

Американската тинејџерка Микаела Шифрин е нова светска првенка во слалом. На Светското првенство во Шладминг, таа до златниот медал стигна, откако по двете трки имаше вкупно време од 1:39.85 минути.
Шифрин, на САД им го донесе четвртиот златен медал на Мундијалот во алпско скијање, претходно Тед Лигети направи хет-трик, тој победи во супервелеслалом,велеслалом и суперкомбинација.
Второто место и сребрениот медал и припадна на домашната натпреварувачка Михаела Кирхгасер, која зад Шинфрин задоцни за 22 стотинки, додека на најниското скалило, на победничкиот пиедестал се искачи Швеѓанката Фрида Хансдотер, која го освои бронзениот медал.
Светското првенство во Шладминг ќе заврши во недела кога на програмата е машкиот слалом.
MakfaksАмериканската тинејџерка Микаела Шифрин е нова светска првенка во слалом. На Светското првенство во Шладминг, таа до з

Пронајдете не на следниве мрежи: