Македонија-Експорт Консалтинг на 04.06.2015 година во МКЦ на интересен начин преку претставата „Историската претстава за деловен прирачник – 5 до 12“ и многу забава, го промовираше вториот прирачник „Tip of the Week® #2 – Прирачник за личен и за професионален развој“. Прирачникот е продолжение на успешната приказна на „Tip of the Week® #1“ најпродаваниот прирачник за личен и професионален развој во Македонија, продадените над 7 000 копии и повеќето од 200 компании од различен профил кои го користат за до-едукација и мотивација на своите вработени.„Првиот прирачник го посветивме на имплементацијата и има за цел да го истакне значењето на имплементацијата во однос на информираноста. Вториот прирачник го посветуваме на ПРОМЕНИТЕ, бидејќи промените се тие кои во следниот период ќе треба да ни станат навика, да бидат дел од нашето секојдневие и да нè направат различни од конкуренцијата, од колегите, од опкружувањето.
„Tip of the Week® #2“ е за сите кои сакаат да инвестираат и да работат на својот личен и професионален развој, за сите кои сакаат да ја напуштат конфорната зона и да се соочат со стравовите од непознатото!“ – кажаа авторите на прирачникот Петар Лазаров и Калин Бабушку. Tip of the Week® #2 ќе понуди 40 совети и одлична содржина која мотивира, нестандарден и уникатен дизајн, многу реални и практични примери за подобрување на Вашето работење, како и многу забава.
Прирачниците Tip of the Week® се наменети пред сѐ за деловни професионалци така што комапниите може директно да го нарачаат од Македонија-Експорт Консалтинг, а индивидуални примероци може да се купат во следниве книжарници: Култура, Три, Матица, Икона, Табернакул и Office plus. Прирачникот е по цена од само 200 денари.„Првиот прирачник го посветивме на имплементацијата и има за цел да го истакне значењето на имплементацијата во однос на информираноста. Втор