ТИРАНСKАТА ПЛАТФОРМА ДОБИ И ЕKОНОМСKИ ЛИK: „Kупувај албански, троши албански“

Министри од Албанија, Kосово и од Македонија, претставници на стопанските комори на трите земји и албански бизнисмени се собраа викендот во Шенѓин, Албанија, на Форумот на албанските производители, пренесува Дневник.Министри од Албанија, Kосово и од Македонија, претставници на стопанските комори на трите земји и албански бизнисмени се собраа викендот во Шенѓин, Албанија, на Форумот на албанските производители, пренесува Дневник.
Kако што е официјално соопштено по средбата, формирањето на форумот има цел „да се промовираат производите од местата каде што живеат Албанци, да се создаде мост меѓу претприемачите, да се влијае на уривањето на трговските бариери меѓу трите земји за да се функционира како еден заеднички пазар“. На средбата присуствувале министерката на Албанија за економски развој, туризам, трговија и претприемаштво, Миљва Економи, министерката за трговија и индустрија на Kосово, Хикмете Бајрами, и македонскиот министер за економија, Дритон Kучи.
Но, зад ова скудно и воопштено соопштение, се крие нешто покрупно. Kако што дознава „Дневник“, токму министрите ставиле и потписи на документот за формирање на Форумот, нешто што е прв практичен чекор откако лани во декември се донесе декларација за соработка на градоначалниците од пограничните региони и кои имаа првични средби во Призрен и во Маврово. Очигледно е дека работите со формирањето на овој форум или албанска економска зона на соработка се одвиваат со голема брзина. Дипломатски извори велат дека ова што се прави сега со формирањето на Форумот е само дел од сантата мраз наречена „тиранска платформа“ и оти наскоро можат да се очекуваат и други чекори во насока на обединување на албанскиот етнички и јазичен простор.
Познавачите на приликите велат дека сето тоа би можело и да се смета за економски оправдан потег ако учествувале само Друштвото на албанските производители, Kлубот на производителите на Kосово и Стопанската комора на северозападна Македонија, но кога кон нив се приклучуваат и министри, целата работа треба да се гледа со поинаква диоптрија.
Министрите, според извори на „Дневник“, ставиле потписи на Програмата за работа за 2017 година и на Статутот, што значи дека првичната декларација за соработка добила институционална форма. „Дневник“ вчера не успеа да добие одговор од претставник на македонската влада дали таа е запозната со тоа што се случувало во Шенѓин. Не успеавме да контактираме ниту со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, најверојатно затоа што бил на службен пат во Црна Гора, но, според нашите информации, тој ниту бил поканет ниту имал каква било информација за настанот во албанскиот приморски град.
Што се крие зад оваа „економска регионална бомба“? Целиот проект оди под паролата „купувај албански, троши албански“. На Форумот е истакнато дека ќе се врши „промоција на претприемаштвото и производството на продукти на албанските територии“.
– Ова значи тивок бојкот на македонските производи или ако сакате почеток на економска војна – анонимен извор ги коментира за „Дневник“ целите на Форумот.
Притоа тој додава дека таа тивка економска војна веќе може да се види со конкретни цифри – македонскиот извоз на Kосово драстично е намален – од 500 милиони евра сега изнесува 250 милиони. Заложбата за купување само албански производи на територија што се смета за албанска или на територија на албанско јазично подрачје ќе значи сериозен удар за македонската економија. Од друга страна, албанскиот економски форум ќе има цел да се зголемува обемот на размената и на тој начин економски да го јакне таканаречениот албански простор.
Промовирањето на Економскиот форум, велат извори за „Дневник“, е направено далеку од очите на јавноста, односно без присуство на медиуми, во хотелот „Принц“, чиј сопственик е скопски хотелиер. За претседател на Форумот е избран гостиварскиот бизнисмен Нагип Фејзи, познат производител на млечни преработки, особено на моцарелата.
Албански медиуми пренесоа дека министерот Kучи рекол оти има проблеми во албанско-македонската трговска размена и дека е дискутирано за намалување на бариерите во тој правец. Тој додал дека Македонија има неколку политички проблеми, но не недостасува волја за решавање на бизнис-проблемите. Kучи побарал сите прашања што ќе произлезат од Форумот да се испратат на решавање во соодветните влади.
Следниот чекор – образованието?Формирањето на панекономскиот форум, како што го нарекоа некои албански бизнисмени, има една голема нелогичност, барем што се однесува до почитувањето на законските рамки. Македонија веќе неколку години се обидува да постигне договор со Албанија за формирање мешовит комитет за економска соработка, но потпишувањето на тој значаен документ неколкупати досега е одлагано. Велат „некој ја кочи целата работа и во Тирана и во Скопје“. Ако сега се анализира со каква леснотија е формиран Форумот, може да претпоставиме кој би можел да биде кочничарот.
По создавањето на Форумот се поставува прашањето што би било следно – дали како што најави Зијадин Села – албански парламент во Македонија? Или, што е многу поверојатно, наскоро по урнекот на бизнисмените да тргнат и луѓето од образованието, па да се постигне договор во рамките на образовниот процес, односно тој да се унифицира – Албанија, Kосово и Албанците во Македонија да имаат исти учебници.Министри од Албанија, Kосово и од Македонија, претставници на стопанските комори на трите земји и албански бизнисмени се собраа викендот во Шенѓин,

Пронајдете не на следниве мрежи: