Маршалот Јосип Броз Тито имал блиска средба со неидентификуван летечки објект во 1969 година, пишува хрватски 24 сата.
Приказната за средбата на Тито со „вонземјани“ се уште е на ниво на легенда, но хрватските научници веќе долго време собирале докази за тој случај и дека набрзо ќе можат да кажат дали таа приказна е веродостојна.
Вака оди легендата:
На 30 август 1969 година околу 20 часот на небото над аеродромот во Пула ненадејно се појавило НЛО кое лебдело на височина од 300 метри. Мајорот кој е именуван само како Јанда издал наредба за општа тревога. Леталото не испуштало никаков звук, а неколку луѓе притрчале кон платформата очекувајќи да стапат во контакт со екипажот на леталото. Неколку секунди подоцна кон НЛО-то е истрелана ракета, но проектилот само се распрснал при ударот.
Набрзо потоа НЛО-то се упатило кон Бриони и застанало на само 500 метри над Јосип Броз Тито. Маршалот не сакал да се повлече верувајќи дека станува збор за некој трик и дека не е во опасност, а пилотите во прв момент имале наредба да не пукаат за да не му се случи нешто на претседателот.
Пет минути подоцна, мајорот Јанда презел одговорност и дал наредба авионите да истрелаат предупредувачки ракети. Леталото веднаш заминало во правец на Италија. Но, по него тргнале и два авиони МИГ, што било фатално за нив. Авионите биле привлечени од леталото и исчезнале, а НЛО-то продолжило да се движи кон Италија со брзина од 5 маха.
Тито бил бесен на одлуката на мајорот кој едвај спасил глава од воен суд.
Но според постоењето на една друга легенда, НЛО се урнало во Југославија во 1966 година, а со вонземската технологија од леталото потоа располагал маршалот Тито.Маршалот Јосип Броз Тито имал блиска средба со неидентификуван летечки објект во 1969 година, пишува хрватски 24 сата.