Титовата „Соба на тајните“: Досега не прикажани видео записи

Неколку илјади метри филмски ленти, снимени во времето на Јосип Броз Тито (од 1945 до 1980), кои поради цензура, поради моментална „неподобност“ на одредени личности или од некои други причини никогаш не биле монтирани, стануваат новиот капитален проект на српските „Филмске новости“Собата на тајните на Тито“ е нов серијал од 28 епизоди кој наскоро треба да доживее филмска премиера.
„Екипи од „Филмски новости“ по неколку часа на ден го снимале Тито, а за филмскиот журнал се користел само мал дел од материјалот. Од оваа временска дистанца, снимките кои не се прикажани, проследени со релевантен коментар на соговорниците, може да бидат поинтересни и се одлично сведоштво и откривање за вистината на едно време“, вели Владимир Томчиќ, директор на „Филмски новости“.
Во обемниот материјал создаван од 1945 до 1980 година има и бисери како тој кога Тито вози луксузен автомобил со максимална брзина низ шумите на Бриони.„Болестите на Тито биле табу тема и од јавноста се криело дека тој до 1960 година петпати бил опериран. Во медиумите не се говорело за тоа, а ние имаме снимки од болница, постоперативниот тек.. Исто така, Тито и Армијата досега е необработена тема“, вели Томчиќ.

 
Покрај класичните приказни за воените случувања, ќе има и интерсни работи за контактите на Тито со светските лидери. 
Чаушеску, Гадафи, Ким Ли Сунг…. биле чести гости кај Тито а бројот на посети кажува дека тоа било повеќе од протокол. Позната е и страста на Тито кон ловот, но малку е познато за неговото ривалство со Чаушеску.
Покрај важниот политички документарен материјал, „Филмске новости“ поседуваат и многу вредни материјали врзани за културата – од посетата на Хенри Мур, еден од најзначајните скулптори на 20 век на Белград во 1955, до шесте драми на Шекспир во Народно позориште во Белград, во кои играле Вивиен Ли и сер Лоренс Оливие. Тука е и исповедта на светскиот тенор Марио дел Монако, посетата на Орсон Велс на Југословенската кинотека, посетата на Хичкок на Скадарлија…Собата на тајните на Тито“ е нов серијал од 28 епизоди кој наскоро треба да доживее филмска премиера.
„Екипи од „Фил

Пронајдете не на следниве мрежи: