Луѓето го сакаат бежичниот интернет. Веќе не мора да се мачат со незгодни и долги кабли кои како змија се протегаат по подот. Но, затоа постои опасност од бежичната технологија, на која ретко кој обрнува внимание.Бежичните рутери и модеми им испраќаат сигнали на компјутерите низ ѕидовите преку електромагнетно зрачење. Ако зрачењето поминува низ ѕидови, зошто не би можело да помине и низ човечкото тело?
Ако имате бежичен рутер во вашиот дом или канцеларија, вие се наоѓате изложени на опасната зона на зрачење. Уште еден од проблемите е што никој не го гаси својот Wi-Fi, никогаш. Значи, изложени сте на зрачење 24 часа дневно, седум дена во неделата, 365 дена во годината.
Да речеме дека и вашите соседи имаат Wi-Fi. Значи, вие во целост сте опкружени со масовен бран на EMF (електромагнетна фреквенција). Се поставува прашањето – дали сето тоа е тестирано? Изгледа е. Рутерите емитуваат електромагнетно зрачење на ниско ниво, што се смета за сигурно до извесна мера. Проблемот е што електромагнетните фреквенции не се тестирани, затоа што првобитно не е планирано да се користат 24/7.
Постојат студии кои покажуваат дека долгорочното изложување на EMF брановите, може да предизвика оштетување на мозокот, губење на меморијата, па дури и предизвика појава на тумор. Многу луѓе тврдат дека имаат здравствени проблеми (од несвестици до рак) поради изложувањето на Wi-Fi сигналите.
Симптомите се бројни и варираат од нередовни отчукувања на срцето, вртоглавици, главоболки, лоша концентрација до дигестивни проблеми и депресија.
Голем дел од луѓето тврдат дека се чувствувале подобро веднаш штом го исклучиле Wi-Fi сигналот или го напуштиле подрачјето полно со Wi-Fi сигнали.Бежичните рутери и модеми им испраќаат сигнали на компјутерите низ ѕидовите преку електромагнетно зрачење. Ако зрачењето поминува низ ѕидови, зошто



