петок, 27 ноември 2026
Најново

Тодоров и Крстаноска прваци во пинг – понг

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

По  повод  Деновите на Општина Карпош, денеска, во фискултурната сала во ООУ „Владо Тасевски“, се одржаа финалните натпревари во пинг-понг за основци, во машка и женска конкуренција.  Кај момчињата, првак во пинг – понг е  ученикот Војдан Тодоров од  ООУ „Владо Тасевски“ , второто место му припадна на неговиот соученик  Стефан Христовски,  а  Едвин Омерагиќ од ООУ „Вера Циривири Трена“ ја освои бронзата.  Кај девојчињата, Матеа Крстаноска од ООУ „Лазо Трповски“ беше несовладлива на пинг-понг масата и нејзината добра игра и го донесе првото место на овогодинешниот турнир. Оваа година, среброто отиде во витрините на ООУ „Јан Амос Коменски“,
а најзаслужна за оваа награда е Калина Филевска.  Третото место и припадна на Симона Тасевска од  ООУ „Владо Тасевски“.  
Општина Карпош е локална самоуправа која е позната по континуираното инвестирањето во развојот на спортот и спортските дисциплини, особено кај помладата популација. Токму затоа,  учениците од оваа општина се меѓу врвно пласираните  индивидуални и колективни натпреварувачи, како  на градско, така  и  на државно ниво.
 Кај девојчињата, Матеа Крстаноска од ООУ „Лазо Трповски“ беше несовладлива на пинг-понг масата и нејзината добра игра и го до

Поврзани вести