Интегрален текст од прес конференција која ја одржа министерот за здравство Никола Тодоров, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Политичката криза во нашата држава трае предолго, таа е наметната од опозицијата и трае премногу долго. Таа криза предизвикува не само политичка штета, туку економска. Го раѓа разбирливото чуство на загриженост и несигурност кај граѓаните, а токму тоа е и целта на тие што ја предизвикуваат, забавување на растот, забавување на реформите, донесување на деструкција и на конфликтност.
На денешната прес конференција би сакал да најавам што нашата партија ВМРО-ДПМНЕ ќе прави во наредните неколку дена. Наредни денови ќе имаме партиски настани и трибини и собири на кои ќе се дискутираат нашите проекти постигнувања но и генерални политики. Ова ќе биде викенд на отчетност и реални проекти и дела. Карактеристично за нашата партија она што нас не прави поразлични и препознатливи од нашите политички противници.
Додека тие се занимаваат со смислување на начини како да одбегнат избори или како да продолжат со деструкција или да ја продлабочат кризата ние дискутираме за реалните проблеми на луѓето на граѓанинот што е и наша обврска како политичари и се фокусираме на секојдневието на граѓанинот, а не на маглата од негативизмот која ја креира опозицијата. Ќе зборуваме за реалните проблеми на луѓето и проектите кои им помогнале во секојдневието. Тоа е наша обврска како политичари се друго е само една вештачка димна завеса која низ историјата ќе исчезне, а ќе останат само делата и проектите кои што се реализирани и кои што се одраз на нашите политики и на макотрпната работа и посветеност. Нови работни места, инвестиции во инфраструктура, проекти, реформи во здравство, образование, зголемување на пензии, плати, проекти за млади, субвенции за земјоделците. Макотрпна работа за достоинствен пристап кон државата и нејзините интереси и интересите и потребите на граѓаните. За тоа не избира народот, за да работиме за него.
Свое обраќање и дискусии овие три дена ќе имаат политичари од ВМРО-ДПМНЕ но и од многу други докажани професионалци и експерти луѓе кои се надвор од политиката но чии збор исто така тежи. Ќе зборуваме за нашите примарни определби, новите работни места, подобриот стандард на граѓаните, за тоа како да ја зголемиме уште повеќе бројката од 160 000 работни места кои што ги отворивме, ќе дискутираме за земјоделието, културата, спортот, за поддршката на социјално ранливите категории на граѓани, за здравството, за здравата животна средина. Ќе дискутираме и за државата низ призма на законодавната и извршната власт. Посебен фокус ќе имаме и на положбата на жената и во политиката и проектите кои што се посветени на жените во Република Македонија.
После дводневната програма во МОБ овој тродневен настан на ВМРО-ДПМНЕ ќе го има финалето во недела во спортскиот центар Борис Трајковски каде свое обраќање ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г-динот Никола Груевски. Нашата цел е да бидеме секогаш подобри и да продолжиме да реализираме реални проекти и конкретни дела.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ порачува, време е за крај на политичката криза. Време е за крај на деструкциите, конфликтноста, поигрувањето со чуствата на луѓето, крај за штетите на угледот на државата. Без оглед на желбите и сценаријата на нашите опоненти ние секогаш сме се одликувале со поразлична свест од нив, поразлично чуство на одговорност кон граѓаните и кон државата затоа што за нас секогаш интересите на Македонија биле и се пред сите други. Политичката криза во нашата држава трае предолго, таа е наметната од опозицијата и трае премногу долго. Таа криза предизвикува не само по