Тодоров со аргументи: ДИК има време за прочистување на списокот

Никола Тодоров, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, денес во вестите на Сител со аргументи објасни дека ДИК има време за прочистување на списокот.Тој вели дека проценката дека нема услови за избори се темели на грешна претпоставка и дека не е точно дека списокот треба да се објави на увид на 5-ти март.
-Таа проценка е направена врз основа на тоа што имале претпоставка дека избирачкиот список се објавува 15 дена по распуштање на Парламентот. Тоа не е точно, избирачкиот список се објавува во рок од 15 дена по распишување на изборите. Претседателот на Собранието на Република Македонија е тој кој ги распишува изборите и тоа во рок од 10 дена од денот на распуштање на Парламентот. По тој период почнуваат да течат овие законски рокови, рече Тодоров.
Тој вели дека овие факти ги знаат во ДИК, ги знае секој правник, а лесно се согледуваат и со обично читање на изборниот законик.
-Ако избирачкиот список не се објавува на 5-ти март, односно се објавува на 15-ти, 17-ти или 18-ти март, тоа значи дека ДИК има повеќе од доволно време да го заврши вкрстувањето на податоците на избирачкиот список. Во изминатиов период, ние имавме повеќе средби на различни нивоа и со меѓународната заедница и со партиите, на техничко и експертско ниво, секако. Сите потврдија една работа. Потврдија дека најмногу потребни се 14 дена за да се заврши вкрстувањето на податоците од избирачкиот список. Иако најголем дел од експертите, оние кои се занимаваат со оваа работа, велат дека ова може да се заврши за ден-два, максимум три, рече Тодоров.
И да ги слушаме само експертите од ДИК, вели Тодоров, дека ова треба да се заврши за 14 дена, има доволно време.
-Требаше да почнат од вчера, од недела. Во недела ДИК има обврска да работи затоа што во недела се изборите, ако ДИК не работи во недела никогаш избори нема да има. Ако од вчера, 14 дена се работеше на вкрстување на податоците, ќе имаше доволно време да се заврши оваа операција и да се отпочне со теренската проверка и пред да се објави на јавен увид избирачкиот список. Теренската проверка ќе можеше да продолжи потоа  и по објавувањето на избирачкиот список што значи дека за теренска проверка ќе имаше повеќе од 23, 24 можеби и 25 дена за да се комплетира и оваа активност, рече Тодоров.
Сево ова, заклучи тој, значи дека има доволно време и за вкрстување на податоците и за прочистување на избирачкиот список и за теренските проверки и за жалбените процедури за реакциите на граѓаните до заклучување на избирачкиот список.
-Инаку треба да се знае дека избирачкиот список пред да се заклучи, јавно се објавува на веб страната на ДИК, а пред тоа се доставува до сите политички партии кои имаат период од 5 дена да реагираат на избирачкиот список. Така да нема ни теоретска шанса избирачкиот список да остане непрочистен пред да се организираат избори. Ако избирачкиот список е услов за фер и кредибилни избори тогаш таа претпоставка може и мора да биде остварена од страна на ДИК, заклучи Тодоров.Тој вели дека проценката дека нема услови за избори се темели на грешна претпоставка и дека не е точно дека списокот треба да се објави на увид на

Пронајдете не на следниве мрежи: