Тој е трансроден маж и роди син: „Доењето не ми претставува проблем“

Loading...

Еван Хемпбел почнал да зема хормони во 2003 година за да може физички да стане трансроден маж, но никогаш не ја изгубил желбата да има бебенце во рацете.Тој и неговата партнерка пред пет години одлучиле тој да прекине да зема тестостерон и почнале процес за вештачко оплодување со сперма од донор.
По неколку неуспешни обиди, Хемпбел забременил во 2015 година и го родил синот пролетта 2016 година. Тој вели дека уживал во бременоста.
-Не знаев како треба да се чувствував, но бев фасциниран од тоа што може да направи моето тело, вели тој.
Поголем проблем имал да им објасни на луѓето на работа како маж може да забремени, бидејќи многумина не знаеле дека некогаш бил жена и мислеле дека е здебелен од пиво. Иако се плашел од реакциите многумина го поддржале.

 
-Луѓето велат дека бремените жени привлекуваат внимание, но мене тоа не ми се случи. Не сакам да привлекувам внимание со телото, а секако и повеќето не сфатија за што станува збор, вели Еван.
Еван имал проблем со здравственото осигурување кое не можело да ги покрие тестовите кои се прават за трудници, бидејќи на сите документи е регистриран како маж.
-Според родот сум жена, но мојот пол е машки, истакнува тој.
На крајот повторно ги променил документите и се изјаснил како жена. Породувањето поминало добро, а Еван го доел својот син. Откако ќе престане со доењето има намера повторно да почне да зема тестостерон за да му се намалат градите.Тој и неговата партнерка пред пет години одлучиле тој да прекине да зема тестостерон и почнале процес за вештачко оплодување со сперма од донор.

loading...